„Ексклузивност“ во насловот, демант во текстот

Илустрација

Предизборната коалиција помеѓу трите политички партии, Алијансата за Албанците, Алтернатива и Движењето Беса, создаде идеален момент за некои медиуми во Северна Македонија да објават информации за кои се повикуваа на непроверени извори. Така се случи и со написот што ќе го разгледаме подолу

 

TetovaLajm: EKSKLUZIVE: Sela ka bërë ofertë pa konsultuar Kryesinë Qendrore, ndarje dhe pa knaqësi në ASH
TetovaLajm: „ЕКСКЛУЗИВНО: Села направил понуда без да се консултира со Централното претседателство, поделби и незадоволство во АА“

 

Линк до оригиналниот напис: „ЕКСКЛУЗИВНО: Села направил понуда без да се консултира со Централното претседателство, поделби и незадоволство во АА“   “EKSKLUZIVE: Sela ka bërë ofertë pa konsultuar Kryesinë Qendrore, ndarje dhe pa knaqësi në ASH

Датум на објавување: 5.2.2020

Датум на рецензија: 6.2.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

Ексклузивноста не се заснова на „зборови“ 

Написот беше дистрибуиран под наслов што го содржи терминот „ексклузивност“, кој кај јавноста ја креира идејата дека станува збор за нова информација и оти е обезбедена само од тој медиум. Меѓутоа, при читањето на текстот се гледа дека дадената информација се потпира на непроверени извори.

Иако во насловот се наведува дека има поделба во АА, тоа не е докажано со ниту еден навод или проверен извор. Сомнежот околу вистинитоста на информацијата што се пренесува дополнително се зголемува со фактот дека во текстот се цитира друг медиум, кој кога го проверивме, се покажа дека последниот напис што го објавил бил на 29 јануари.

 „Како што дознава TopAlNews, ексклузивно, Села направил понуда без консултација со Централното претседателство, предизвикувајќи големо незадоволство и во AА. Исто така, како што се дознава во АА, има големи разлики во однос на коалициите, каде што мнозинството се за опозициска коалиција, а другите за коалиција со владините партии“се вели во текстот што го рецензираме.

Објавувањето написи што освен што немаат проверени извори, исто така се пристрасни и небалансирани, е во спротивност и со етичкиот кодекс на новинарите. А за начините за спречување на ефектите од ваквите текстови може да се најдат практични совети и во друго помагало, Прирачникот на „Критинк“ .

За читателите

Таму пишува дека за да се спречат овие ситуации кога политичката моќ се обидува да ја продаде „својата вистина“ како јавно мислење, се препорачува да се создадат логички врски за да се потврдат и идеите и изворите на информации.

„Секојдневно многу центри на моќ (политички, бизнис, економски заедници) се обидуваат да „ја продадат својата вистина“, а критичкото мислење ја блокира можноста од манипулација и заведување, т.е. од донесување погрешни судови“, се наведува во Критинк.

Затоа, пораката до читателите би била да не ги земаат како точни сите информации што се пласираат во медиумите, уште повеќе кога не се повикуваат на проверени извори.