Првите коментари на руските државни медиуми за исходот од претседателските избори во САД изразуваат длабоко разочарување, пишува „Еувсдисинфо“. Шефицата на државната телевизија РТ, Маргарита Симонијан, се прашува дали Русија воопшто треба да го признае легитимитетот на изборите:
Ниту слободни ниту фер.
Руските државни медиуми имаат, како што објави EUvsDisinfo, силна пристрасност за Трамп, а мешањето на Кремљ во изборите во САД во 2016 година е добро документирано. Неколку осомничени беа обвинети во низа испитувања. Извештајот на Мулер содржи детали за мешањето и наведува дека руските државни актери извршиле незаконско мешање во американскиот изборен систем.
Во 2016 година, рускиот парламент го поздрави изборот на Доналд Трамп со овации и Трамп останува „фаворит“ за Кремљ, а поранешниот соработник на Владимир Путин, водечкиот идеолог на Кремљ, Владислав Сурков, ја опиша демократијата како „битка на никаквеци“.
Значи, за кого и да гласате, „Длабоката држава“ преовладува. Зошто да се мачите да гласате? Тоа е главниот впечаток од читањето на про-Кремљ медиумите на англиски јазик во кои се вели: Во тек е државен удар, Џорџ Сороос во процес на поттикнување граѓанска војна; сведоци сме на балканизацијата на Соединетите Држави;
Државната руска телевизија РТ се внесе во овој наратив, сугерирајќи дека политичкиот систем на САД се распаѓа.
Што и да се случи во ноември, иднината на Америка е мрачна.
Бидејќи и двајцата се вметнати во токсичната политичка култура во Америка, ниту Трамп ниту Бајден (или Харис) немаат капацитет да се справат со заканувачките политички и социјални кризи.
Секако може да се видат предизвици во политичкиот систем на Соединетите Држави, но државната РТ опишува заговор во кој целосно други сили, а не гласачите одлучуваат за иднината на земјата:
Главните медиуми, Холивуд, академската интелигенција, радикалната демократска партија користат лаги, проклети лаги, лажни анкети и вести – со еден збор, пропаганда – за да се обидат да ги постигнат своите цели.
Рускиот „Еден свет“ тврди дека исходот од изборите е резултат на внимателно испланирана шема од „Длабоката држава“.
Набљудувачи од ОБСЕ заклучија дека изборите биле „конкурентни и добро управувани“, и покрај одредени законски несигурности и логистички предизвици. Главниот уредник на РT кратко го коментира заклучокот на ОБСЕ, со англиски зборови со кирилично писмо:
Сигурно се шегувате со мене.
Сето ова нè враќа кај идеологот на Кремљ, Владислав Сурков, кој му го нуди на светот рускиот политички систем:
Нашиот систем, исто како и сè што е руско, секако не изгледа многу елегантно, но тој е искрен. Не секој го смета зборот „искрен“ како синоним со зборот „подобро“, но сепак е привлечен. Способност да се слушнат и разберат луѓето – ова е единствената и најважната карактеристика на државата на Путин. Ова одговара на народот и е во согласност со неговите амбиции и не е предмет на ниту една контраструја на историјата. Ова е ефикасно и трајно.
„Симонијан, Сурков и про-Кремљ медиумите се шампиони на слободата: Слобода од демократија“, се вели во текстот на „Еувсдисинфо“.