„Еувсдисинфо“: Што се случи во 2020?

Оваа – 2020 година наскоро ќе заврши. За многумина беше година на предизвици, која донесе не само глобална пандемија, туку и инфодемија: невиденa поплава на лажни или неточни информации за корона-вирусот. За жал, про-Кремљ медиумите активно придонесоа во разгорувањето на инфодемијата, покрај пронаоѓањето на многу други можности за ширење дезинформации, засилување на теориите на заговор и сеење збунетост, страв и недоверба, пишува „Еувсдисинфо“.

Протести поради расна правда и претседателските избори во САД, храбрата борба на Белорусите за своите граѓански права, труењето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални – ова се само некои од клучните настани за оваа година, кои го привлекоа вниманието и дезинформациите на про-Кремљ медиуми.

Оваа година, „Еувсдисинфо“ во јавната база на податоци додаде над 3.000 примери на дезинформации на про-Кремљ медиумите, а над 170 примери на дезинформација на овие медуми беа детектирани само за случајот на труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Истрагите и обелоденувањето на овие дезинформации, исто така, покажува дека вистината – колку и да е добро скриена – на крајот излегува на виделина. И, тоа е утешна мисла додека доаѓа крајот на 2020 година, додаваат од „Еувсдисинфо“.

Целиот напис за прегледот на наративите, изворите и дезинформациите детектирани во 2020 година од „Еувсдисинфо“, може да го прочитате тука.