Постои мит дека кога пророкот Мухамед заминал кон небото со својот коњ скокнал од една карпа. Надвор од официјалните книги на исламот некој го одржува митот со фотографии на тоа место кои создаваат илузија за „висење во воздухот“
Слика број еден – ова е фотографијата која побудува сомнеж
Слика број два – Држачите видливи од подалеку
Слика број 3 – И фотографија од поблизу покажува дека карпата се држи на ерозивни елементи
Слика број 4 – каменот сликан од другата страна, со сенките кои одат на две различни страни
Фотографиите ставени во пишуваните материјали, медиуми или рекламни афиши, секогаш имале значење на давање на чувство за веродостојност на текстот кој е составен дел на ангажманот на фотографот. Оттаму, убедливоста на сликата во одредени ситуации може да биде дел и од создавање привид на вистинитост на напишаното, кое има за цел да поддржува нешто не е одраз на вистинитост на настанот, на некоја појава или дури и пејсаж.
Во митовите кои се составен дел од муслиманските верувања е и сторијата за каменот од кој пророкот Мухамед заминал во небото, а кој се наоѓа на Блискиот Исток. Зад каменот, за кој одделни верници веруваат дека е истиот од времето на преселувањето на пророкот на небо, опстојува и тврдењето дека истиот и ден-денес стои во воздухот, на растојание од 10 сантиметри над земјата. За тоа дури има и презентирани фотографии кои треба да ја потврдат легендата, да ја претворат во нејзин доказ
Во сетот фотографии кои ги презентираме, а кои се пристигнати по социјалните мрежи, гледаме ,најпрвин, како е претставен тој камен кој треба да укаже дека карпата од која со својот коњ Мухамед се возвишил, барем за час била повлечена кон правецот на неговото патешествие.
Во многу фотографии, како онаа која се означува со бројот 1, верници кои носеле фотоапрати со себе, се посомневале. Најпрвин, затоа што во официјалните книги (хадиси) оваа појава не се опишува како географска реалност.
Форографијата под број еден била изложена на една верска расправа и било заклучено дека е – лажна!
На фотографиите број 2 и 3, преземени од напис кој покажува дека сè што се случува со овој камен има објаснување во природата и реалноста, се гледа дека карпата има, како што ги нарекол фотографот „тампони“, односно помали каменести формации што се држачи и кои јасно се гледаат и од подалеку и од многу близу. Заклучокот на обсерверот е дека според изгледот и составот се работи за камења од иста структура, односно дека истите се дел од ерозија која се случила и која на карпата од која отпаднале и даваат привид на магија, на чудо.
На сликата број 4 се гледа истата карпа од другата страна, со тоа што сенката од карпата оди на една страна, додека онаа на држачите има страничен пад.
Овој низ од фотографии и практично покажува дека привидот што се создава со една слика, може да се побие со неколку други фотографии, направени од други лица, веројатно верници.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.