Фотографијата може да информира, но и да биде само мамка за манипулација

Илустрација

Иако во јавноста е познато дека „фотографијата зборува колку илјада збора“, во медиумите има случаи кога ова не важи и наместо правилно да информира, ја дезинформира јавноста. Таков е написот што ќе го разгледаме

 

Zyrtare: Aleanca për shqiptarët forcohet në Shkup, ja kush i bashkohet? (FOTO)
Официјално: Алијансата за Албанците се зајакнува во Скопје, еве кој ѝ се приклучува? (ФОТО)

Линк до оригиналниот напис: „Алијансата за Албанците зајакнува во Скопје, еве кој ѝ се приклучува“  “Aleanca për shqiptarët forcohet në Shkup, ja kush i bashkohet? (FOTO)

Датум на објавување: 31.12.2019

Датум на рецензија: 3.1.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

 „Башким Бакиу се приклучил на Алијансата“

Почнувајќи од информацијата дадена во насловот, медиумот се обидел кај јавноста да остави впечаток дека поранешниот кандидат на Движењето БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакиу, се приклучил на друга партија, Алијансата за Албанците. Овој напор на медиумот се гледа и во заклучокот даден во насловот:

„Алијансата за Албанците зајакнува во Скопје, еве кој ѝ се приклучува? (ФОТО)”.

Но кога ќе се отвори текстот за читање, информацијата од насловот почнува да бледнее. Ова се забележува со употребата на зборот „се чини“, што се користи во ситуации кога претпоставуваме за некоја ситуација.

„Алијансата за Албанците, се чини, ги вклучи моторите за предвремените парламентарни избори на 12 април”, се вели во текстот

Од ова „се чини“, медиумот се потрудил целосно да ја избледне наведувачката информација во насловот, па оди со друга кулминирачка формулација „не се знае“.

„Не се знае дали Бакиу преминал во партијата на Села или имаше само пријателска средба со Таравари”, се вели во написот што го разгледуваме.

Медиумот воопшто не се обидел да ја провери информацијата, бидејќи не открива дали побарал став од наведените во статијата. Со оглед на тоа, цениме дека наместо да информира, медиумот шпекулира. Со ова медиумот го прекршил основното начело на Кодексот на етика на новинарите.

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации што се од јавен интерес. Новинарот мора да објави точни и докажани информации и нема да ги скрие основните податоци и да ги фалсификува документите. Ако информацијата не може да се потврди или ако станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

Фотографијата – мамка за манипулирање на јавноста

Медиумот ја манипулира јавноста искривувајќи ги фактите – во случајов фотографијата – затоа што иако во написот се вели дека „средбата била пријателска“, преку фотографијата се прави обид да се заклучи дека „Бакиу преминал во Алијансата“. Тука е искористен концептот на манипулација „Повикување на можност“. Преку фотографијата, медиумот покажува тенденција да ја убеди јавноста дека ако Бакиу седнал заедно со Таравари, преминал во Алијансата. И по ваквата можност, направил сѐ да се огради од евентуална грешка во тврдењето.