Известувањето за природни несреќи, покрај тоа што треба да содржи проверени информации (како и за секое друго известување), мора да се заснова на реални ситуации, а не на измислени. Написот што ќе го разгледаме претпоставува хипотетичка ситуација, која, во суштина, е само пропаганда против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Линк до оригиналниот натпис: „Доколку земјотресот би се случил во Србија, чек од 50 милиони од Ердоган би му се доставил на Вучиќ пред врата“ “Nese termeti kish ndodh ne Serbi, tashme ceku 50 milionesh i kishte shku Vucicit te dera prej Erdoganit!”
Датум на објавување: нема датум на објава
Датум на рецензија: 16.12.2019
Рецензира: Фатбарда Цури
Наслов што се занимава со претпоставки
Претпоставката за ситуацијата во врска со земјотресот во Албанија е истакната уште од насловот на статијата. Започнува со „доколку“, доколку земјотресот би се случил во Србија…
„Доколку земјотресот би се случил во Србија, чек од 50 милиони од Ердоган би му се доставил на Вучиќ пред врата!”, се вели во насловот на текстот што го разгледуваме.
Ова е спротивно на Етичкиот кодекс на новинарите.
„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари”, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.
Статус на „Фејсбук“ за пропаганда против Ердоган
Написот исто така не е новинарски, туку фејсбук-статус. Ова е забележано од начинот како е напишан. Ова повторно не е нагласено во статијата и стои во категоријата вести.
Медиумот преку овој напис се обидел да пропагира против Ердоган. Ова може да се забележи и во коментарот содржан во написот.
„Многу мала инвестиција во споредба со Албанците што живеат таму, за каде што се претпоставува дека се асимилирани 30 милиони Албанци во Турција, околу 1/3 од тамошното население”, се вели во написот што го разгледуваме.
Според Прирачникот на „Критинк“, пропагандата се користи за да се влијае на размислувањето на луѓето, во овој случај да се создаде мислење во јавноста дека Ердоган требало да ја даде помошта дури и да не се случеше во Албанија.
„Информацијата или информативните пакети што не се објективни и се користат за да влијаат врз размислувањето или однесувањето на луѓето во исполнувањето на агендата (политичка, корпоративна итн.). Пропагандата обично користи емотивна наместо рационална порака. Постојат многу видови пропаганда, но обично се дели на политичка, религиозна и комерцијална”, се вели во Прирачникот на „Критинк“.
За читателите: Дури и статусите на „Фејсбук“ треба да се проверат
Без оглед на тоа колку е релевантен или не е статусот на „Фејсбук“ на кој било функционер или јавно лице, доколку медиумите одлучат да ги објават како информација, прво мора да ги приспособат во форма на новинарски напис и да ги потврдат. Медиумот за кого зборуваме не го сторил тоа, па затоа ве дезинформирал. Со тоа, се обидел да предизвика кај вас чувства против Ердоган.