Овој наслов што се споделува на „Фејсбук“ претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види да помисли дека откако ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерката за неносење маска на оторено во Македонија. Но, тоа не е така. Одлуката за која се говори во написот не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со корона-вирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора
„ЌЕ СЕ ДИШЕ СЛОБОДНО, тргната забраната за носење маски на отворено“. Кога ќе го прочитате овој наслов вака споделен на социјалните мрежи прво нешто што ќе помислите дека станува збор за одлука донесена во Македонија, затоа што ништо, ниту во насловот на текстот ниту во објавата на „Фејсбук“ не вели поинаку.
И, за да се информирате повеќе околу новата одлука што мислите дека ја донела Владата и да дознаете од кога веќе нема да треба да носите маски на отворено ќе го кликнете текстот. А, тогаш ќе сфатите дека сте изм,амени.
Оваа одлука не е донесена во Македонија, туку во Црна Гора. Целиот текст се однесува за епидемиолошката состојба со корона-вирусот и мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот во Црна Гора.
Но, и покрај тоа, само за привлекување на што е можно поголема читаност, оваа информација којашто се однесува на Црна Гора, добива клик-бејт наслов за читателите да помислат дека станува збор за Македонија.
Важно е да се напомене дека одлуката за носење на маска на отворено е донесена на 29 октомври минатата година и сè уште е на сила. Иако се појавија шпекулации дека можно е во следниот период да се укине, тоа во моментот кога е објавен текстот (21.5.2021) не се случи. Па така, доколку му поверувате на насловот без да го прочитате текстот и не носите маска на отворено, ризикувате да бидете казнети.
Бидејќи во текстот нема ништо поврзано со Македонија, овој наслов претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да помисли дека кога ќе кликне ќе добие повеќе информации за укинување на мерките во Македонија.
Сето ова се прави за да се постигне што е можна поголема читаност на сајтот без притоа да се обрне внимание како може објавата да биде сфатена и што таа ќе предизвика.
Онлајн-ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.