Коронавирусот во затворите? Институциите со демант, медиумот не го објави!

Во услови на криза и вонредна состојба, како што сме сега, граѓаните веројатно ќе „висат“ во медиумите за да бидат во тек со најновите податоци. Главната причина е стравот за нивното здравје. Медиумите во никој случај не можат да откриваат информации што додаваат на овој страв и кои се непотврдени, за да бидат сензационални

 

Скриншот од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Рауфи за Журнал: Има затвореници со коронавирус, државата крие“   Raufi për Zhurnal: Ka të burgosur me koronavirus dhe shteti e fsheh këtë gjë

Датум на објавување: 24.03.2020

Датум на рецензија: 26.03.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

На 24 март, медиумот, чија публикација ја разгледуваме, предизвика аларм преку видео за заразени со коронавирус во затворите во земјата. Информацијата му се припишува на адвокатот Насер Рауфи, чија изјава беше цитирана. Во овој материјал, новинарот не се обидел да ги провери овие информации, со надлежните институции, затворски службеници, Дирекцијата за извршување санкции и Министерството за здравство, кое има информации за општата состојба, не биле контактирани.

Оваа половична информација, навидум алармантна, го дополнува стравот и паниката кај читателите. Речено од адвокат, можеби изгледа веродостојно пред очите на читателите, но сè уште останува непотврдена информација што значи дека новинарот не ја завршил својата работа т.е. нема направено професионално информирање.

Синџиресто (дез)информирање

Оваа публикација е проследена со друга, во истиот медиум. Во текстот под наслов „Затворениците ја потврдуваат веста за Журнал: Состојбата во затворите е катастрофална, може да се заразиме сите со вирусот“, авторот го цитира постот на еден затвореник. Дури и во овој текст, не се води сметка за етичките принципи. Новинарот цитира писмо во кое се вели дека затворениците го пратиле до порталот „Курир“. Ако ја отвориме веста на „Курир“, нема податок за испраќачот на писмото и ништо што не ја докажува неговата автентичност.

На крајот на втората публикација, авторот вели дека се обидел да воспостави контакт со заменик-директорот на затворот „Идризово“, но без успех. Засегнатото лице е одговорно за дел од притворените лица во земјата и не претставува „втора страна“ во текстот. Тој претставува само една од неколкуте казнено-поправни установи, а адвокатот Рауфи не кажал точно дека се работи за затвореник во затворот Идризово. Секако, тоа може да биде извор од втора и трета страна, но не и примарен извор за потврда на информациите.

 Демантирана „вест“

Надлежните институции, кои новинарот требаше да ги контактира за верификација пред објавувањето на веста, не доцнеа. Еден ден подоцна, на 25 март, веста беше демантирана од Дирекцијата за извршување на санкциите и од министерот за здравство Венко Филипче.

„Дирекцијата за спроведување санкции сака да ја извести пошироката јавност за изјавата на адвокатот Насер Рауфи на порталот„ Журнал.мк и потоа прифатено и од порталот„ Курир “. Ние ги отфрламе информациите за осуденици и затвореници кои се заболени од коронавирус, кои издржуваат затворски казни или притвор во притворските установи во нашата земја. “ – реагираат од Дирекцијата за спроведување санкции.

„За затворениците, досега не сум слушнал дека има заболени луѓе“. – накратко изјави на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

Дури и по 24 часа од демнатот на информацијата од страна на Дирекцијата за извршување санкции, медиумот кој ја објави информацијата не го објави демантот. Тоа им го ускрати на читателите правото на правилно информирање.

Новинарот ќе настојува да се гарантира објавување на корекција, негирање и одговор во случај информациите да бидат неточни – пишува во Етичкиот кодекс за новинарите.

Техники на манипулација

Преку техниката што е опишана во Прирачникот „КриТинк“ како повикување на авторитет, новинарот ја користи изјавата на адвокатот за да направи сензација. Исто така, селективниот доказ и непроверувањето кај институциите, го прават текстот манипулативен.

За читателите

Секогаш, но особено во овој несекојдневен период, читателите треба да внимаваат информациите што ги читаат да бидат потврдени од надлежните институции. Вестите треба да имаат што е можно повеќе податоци и да не бидат во насока на ширење страв и паника.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.