Лажен доктор нуди лажен лек за дијабетес – СугаНорм

Непостоечки македонски доктор рекламира непостоечки лек за дијабетес. Станува збор за лажна вест и за лажна објава зад која според друг факт-чекер стои он-лајн измама

 

Пост објава на Фејсбук на наводен магазин за дијабетес, целосно лажно тврди дека е пронајден лек за дијабетес во македонска јавно здравствена установа, ама дека поради фарамцевско-медицинската мафија тој не е во редовна примена.

Во постот, откако се прикажува наводно искуство на некоја пацинетка, потоа е претставен извесен д-р Мартин Грозданов, специјалист ендокринолог, кој што работел во „лабораторија за кардиоваскуларни компликации од дијабетесот, соработник на Центар за ендокринологија“, кој вели:

Лани во Центарот за ендокринологија беше изработен лек за лечење на дијабетесот што по своите карактеристики ги надминува сите останати препарати во светот. Тој лек овозможува да се излечи шеќерната болест засекогаш за 14-20 дена, може да се применува во сеокја фаза од болеста. препаратот е уникатен, ама во нашата земја никому не му е потребен.
Центарот за ендокринологија се обиде да го реализира во аптеките, ама таму одбија да соработуваат, притоа воопшто не ја појаснија причината. Меѓутоа препартот ги помина сите клинички испитувања. Сакам да ве запознам со резултатите…

Проф. д-р Мартин Грозданов, ендокринолог, не постои 

Пребарување на интернет преку Гугл не дава никаков резултат за постоење на специјалист ендокринолог Мартин Грозданов. Тоа е првиот индикатор кој укажува на непостечка личност, зашто магистер и специјалист секако ќе се појави во пребарувањето ако постои.

Шифрарникот на лекари специјалисти при ФЗО , што е многу попрецизна алатка за докторите во земјава, исто така, покажува дека не постоид-р Мартин Грозданов. Постоја 4 лекарки специјалистки од различни области со името Мартина, ама Мартин не постои.

СугаНорм се нуди и во регионот

Конечно, пребарувањето по името на лекот што се рекламира, СугаНорм, даде резултати. Станува збор за ЛАЖЕН ЛЕК за дијабетес, кој се појавувал и досега на повеќе страници на македонски портали, види ТУКА и ТУКА, како и на портали во регионот, види ТУКА и ТУКА. Производот е на извесна фирма Гермитокс, која претежно продава додатоци за исхрана, кои се однесуваат главно за третман против паразити.

На крај, овој лек за шеќер е означен лажна вест пред неколку месеци и од невладината организација АГТИС од Прилеп – друг факт чекер кој во рамките на проектот „КриТинк“ на „Метаморфозис“, открил дека станува збор за ЛАЖНА вест и за он-лајн измама

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „КриТинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонснаведи извор-без изведени дела.