Манипулација со бројот на жртви од корона-вирусот во Лабуништа

Fotografi nga lajmi që recensohet

Бројот на заболени и жртви од корона-вирусот секој ден се менува. Интерес за бројот имаше доста од јавноста, но заложбата за информирање оди во пакет со професионалните информации. Сензационализамот не треба да има место во вестите

 

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „За 18 дена, 18 погреби во едно село во Струга“ Për 18 ditë, 18 “xhenaze” në një fshat të Strugës

Датум на објавување: 18.4.2020

Датум на рецензија: 26.4.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Објавата на корисник на „Фејсбук“ стана вест. Вакви примери сме анализирале неколкупати. Вести од објавите на корисниците на „Фејсбук“ се прават само доколку таа личност е некој што ја интересира јавноста, доколку е јавна личност. Во овој случај, објавувачот што се користи како извор е непознат. Но, како и да е, ова не е најголемиот проблем што го има во „веста“.

Сензација со неофицијални информации и без јавен интерес

Авторот пишува за состојбата во струшкото село Лабуништа, опишувајќи го како „едно од селата најпогодени од корона-вирусот во струшкиот регион, кој е и со најмногу жртви“.

Аднан Ќазимовски од ова село вели дека само овој месец се обележани 18 „погреби“ во ова село, пренесува „Газета Лајм“.

„Денес, 18 април, присуствувавме на 18-Тиот погреб овој месец во Лабуништа. ‘На сликата се гробовите на Хаџи Сами Ќазимовски (мојот дедо), кој починал пред 4 дена и неговиот прв братучед Хаџи Решат Ќазимовски, кој беше погребан денес’, напиша Аднан Ќазимовски на ‘Фејсбук’“. – пишува во текстот што го разгледуваме.

Недостигот од официјална информација или намерна дезинформација не е важно. До моментот кога е објавен овој текст, во Лабуништа имало само 8 жртви од корона-вирусн, а не 18. Најверојатно, авторот се осврнал на објава во која се броеле и други лица за кои се вели дека починале повеќе или помалку во истиот период, но од објавата на цитираната личност не се потенцира од кои причини, поточно, цитираната личност не вели дека сите починале од вирусот.

НОВИНАРОТ МОРА ДА ОБЈАВИ ТОЧНИ И ДОКАЖАНИ ИНФОРМАЦИИ И НЕМА ДА ГИ СКРИЕ ОСНОВНИТЕ ПОДАТОЦИ И ДА ФАЛСИФИКУВА ДОКУМЕНТИ – ПИШУВА ВО КОДЕКСОТ ЗА ЕТИКА НА НОВИНАРИТЕ.

Намерно или не, авторот дезинформира. Лабуништа е село погодено од пандемијата и бидејќи ова е посочено уште на почетокот од самиот автор, пред да се објави вкупниот број на починати во селото, требаше да се наведе колку се жртви од вирусот. Во спротивно, ова е манипулација со бројки, а тоа е сензација. Користената фотографија, која не содржи никакви информации од јавен интерес, исто така е сензација. Луѓето чии имиња се читаат на надгробни споменици може да не бидат жртви на вирусот.

„Новинарот ќе ја почитува приватноста на лицето, освен кога е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува страдањата и болката на лицето“, пишува во Кодексот за етика на новинарите.

Доколку би ги појаснил овие сомневања официјално пред да ја објави веста, авторот би избегнал кршење на одредени етички принципи.

Техники на манипулација

За да помогне манипулирањето да заземе дел во текстот, таму го имаме ефектот на збунетост, бидејќи бројките не се целосно објаснети.

За читателите

Обични, природни или други смртни случаи предизвикани од разни појави се случуваат секој ден, но не сите се вест. Приватноста на луѓето мора да се почитува. Исто така, бројките во период на кризата со вирусот се важни статистики, кои зборуваат за реалната состојба и со нив не треба да се манипулира. Новинарот мора да знае кои се неговите официјални извори на информации и мора да знае каде и како да ги потврди вестите. Само кога е потврдена и има намера правилно да информира, веста е јасна и професионална.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.