Ширењето паника од страна на медиумите, а особено незрелото пишување вести е индикација дека медиумот е несериозен. Пишувањата без никакви факти и без никакво значење покажуваат дека тие се тенденциозни и невистинити. Да заземат толкав простор ваквите вести во медиумите е неприфатливо. Во веста што ја прегледуваме има сериозни нарушувања на професионализмот и етиката, основните елементи за кои треба да се грижи еден вистински медиум.
Линк до оригиналниот напис: Kujdes/ Jane gjetur dy kapsula te çuditshme /A duhet tu besojme ?Внимание/ Најдени се две чудни капсули/Дали треба да им веруваме?
Датум на објавување: 16.4.2020
Датум на рецензија: 10.7.2020
Рецензира: Наиле Даути
Неверојатно
„Споделете ја оваа фотографија колку што е можно повеќе. Само што најдов вирусна капсула во грмушка во близина на експлозивна зона“, со овој опис почнува статијата што ја разгледуваме.
Веднаш штом ќе ја прочитаме оваа реченица, се подразбира дека е некое лично пишување на некој поединец, направено преку социјалните мрежи, затоа што во текстот се зборува во прво лице еднина. Но, кога ќе прочитате понатаму, нема објаснување ниту кој ја пронашол ниту каде и кога е пронајдена, а не се знае ниту кој го напишал статусот. Текстот не е на авторот што го објавил, тој е копија од низа портали, кои веројатно го презеле од некаде. Но, сепак, ова не го оправдува авторот што го објавил овој вид скандалозен текст.
Текстот понатаму продолжува со свои теории на заговор, без никакви факти, едноставно, засновани на фотографија, чија модификација може да ја разбере дури и личност што нема идеја за монтажа и фотошоп.
„Ова е вистинска војна, нè мамат оние што ги фрлија овие садови во изолирани области за да нè отрујат сите нас. Дознав дека се пронајдени уште две слични капсули во Франција и Гренланд. Се надевам дека одговорните ќе бидат најдени наскоро и казнети од страна на НАТО и од кој било кој има моќ и се човечни“, се наведува во статијата.
Текстот продолжува во прво лице и предизвикува сомнеж дека вакви капсули се пронајдени во Франција и Гренланд, без да му објасни на читателот каде е пронајдена таа што е посочена во статијата.
Концепт на манипулација „Повикување емоции“
Преку овој целосно дезинформативен напис, авторот се обидел да го докаже и зајакне своето тврдење, но очигледно без успех, само преку фотографија, тврдејќи дека е вистина. Во исто време, знаејќи дека ваквите теми, кои го вклучуваат корона-вирусот го привлекуваат вниманието на сите, ги злоупотребува емоциите на луѓето, создава несигурност и предизвикува страв.
За читателите
Насловите во форма на прашања се индикативни дека веста не е потврдена и може да го збуни читателот. Немањето извор на информацијата и ниската веродостојност, вести со паника итн., се карактеристични за вестите што не треба да ги читате, затоа што немате корист, напротив, само сомнеж, конфузија и непотребна вознемиреност.
Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.