Авторот на постот што го рецензираме се обидел да најде нешто негативно во јавната вакцинација на една албанска новинарка. Додека медицинската сестра ја извршува својата работа и ја вакцинира новинарката, авторот на написот невистинито тврди дека таа наводно се обидела да го скрие процесот на вакцинирање. Тој, исто така, споделува неточни информации за вакцината и нејзината безбедност.
Линк до оригиналниот напис: Фејсбук-пост
Датум на објава: 4.4.2021
Датум на рецензија: 15.4.2021
Рецензент: Ардит Рамадани
Неточна констатација
Авторот Нимон Дaбиќај својот неточен пост го започнал обвинувајќи ги медиумите дека прават пропаганда за процесот на вакцинирање, што според него не е добро затоа што му „штети“ на здравјето на луѓето.
Сè е медиумска пропаганда, пишува тој во постот што го рецензираме.
Ова не е точно, всушност, снимката во живо од процесот на вакцинирање на новинарката и сите други видеа од вакцинацијата на влијателни луѓе се направени со цел да им се докаже на граѓаните дека процесот на вакцинација не е страшен и дека заговорите како овој, не се точни.
Потоа, за да го направи што поверодостојно она што го тврди, авторот ги лаже граѓаните велејќи дека медицинската сестра со рака се обидува да го скрие процесот на вакцинирање.
Зошто медицинската сестра ја спречува камерата со левата рака, со која го крие дејството на шприцот? пишува во постот што го рецензираме.
Ниту ова не е вистина, авторот не треба да ги збунува читателите со неосновани и целосно конспиративни „факти“.
Покрај неточната „експертиза“ за вакцинирањето на новинарката, авторот шири и невистини за вакцините
Во постот нема извор на информацијата, авторот Нимон Дабиќај се повикува на „илјадници лекари“ кои, според него, зборувале за негативните ефекти на вакцините и времето на нивното појавување.
Според илјадници лекари во светот, познати професионалци, негативните ефекти на овие вакцини се појавуваат од 6-18 месеци потоа, пишува во објавата.
Но, науката зборува поинаку, според Светска здравствена организација, вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што е болка во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.
Запомнете, има големи шанси да бидете сериозно повредени од некоја болест што може да се спречи со вакцина, отколку од самата вакцина. На пример, тетанусот може да предизвика екстремна болка, грчеви во мускулите (блокада на зглобовите) и згрутчување на крвта, сипаниците може да предизвикаат енцефалитис (мозочна инфекција) и слепило. Многу болести што можат да се спречат со вакцини, дури можат да резултираат со смрт. Придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците и многу повеќе болести и смртни случаи ќе се појават без вакцини, велат од СЗО.
Сепак, сите оние кои имаат дилеми во врска со вакцинирањето, можат да се информираат подетаљно на веб-страницата на СЗО, каде што има одговори на речиси сите дилеми околу вакцинирањето и дека истите се безбедни и ефикасни.
Конечно, авторот ја проширува својата дезинформација, кажувајќи им на читателите дека имало стотици илјади луѓе кои починале како резултат на вакцината против ковид-19.
Неколку стотици илјади луѓе починаа до денес, неколку десетици милиони имаа сериозни проблеми, а овие продадени медиуми и новинари не кажуваат ништо – пишува во објавата што ја рецензираме.
Ова тврдење е опасно и невистинито, државите ги пријавија случаите на несакани ефекти по приемот на вакцината против корона и не станува збор за „стотици илјади мртви“. Досега немаше сериозни негативни ефекти, но за повеќе детали, читателите може да ја посетат веб-страницата на СЗО како главен и релевантен извор за ова прашање.
Во меѓувреме, постојат повеќе концепти на манипулација кои ги користел овој автор за да ја постигне својата цел, и секој од нив е подетално објаснет во Прирачникот на Критинк. Конкретно, станува збор за Повикување на емоции – имајќи предвид дека сме во критична состојба со пандемијата и процесот на вакцинација, склоност кон потврда на сопственото гледиште, авторот, исто така, ги има занемарено основните податоци и има користено селективни докази.