Медиумите не треба да шират дискриминаторски јазик и шовинизам дури и кога пренесуваат

Лајмпресс:Македонски новинар: Фатиме ќе се врати во Боговиње, нема да може да пие повеќе (алкохол)

Мултиетничката природа на Северна Македонија создава идеално опкружување за одредени лица да изразат дискриминаторски јазик со шовинистички тонови. Кога известуваат за вакви негативни појави, медиумите не треба да забораваат на својата улога дека покрај информирање, треба и да едуцираат. Текстот што го разгледуваме ги нема соодветните филтри, со што при пренесување информации, пренесува шовинизам и дискриминација.

 

Лајмпресс:Македонски новинар: Фатиме ќе се врати во Боговиње, нема да може да пие повеќе (алкохол)

Линк до оригинален напис: „Македонски новинар: Фатиме ќе се врати во Боговиње, нема да може да пие повеќе (алкохол)„ Gazetari maqedonas: Fatimja do të kthehet në Bogovinë, nuk do të mund të pin më (alkohol)

Датум на објава: 16.9.2019

Датум на рецензија: 25.9.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

 

Со наслов со шовинистички јазик медиумот му помага на шовинистот

„Македонски новинар: Фатиме ќе се врати во Боговиње, нема да може да пие повеќе (алкохол)”, се вели во наславот на прегледаната вест.

Прво, вклучувањето на дискриминаторската изјава врз родова и национална основа го прави и овој напис да биде таков. Како јавните личности, така и медиумите во случај на вести со чувствителени јазик, а особено тие што содржат информации со обвинувања, имаат обврска да ги вклучуваат минимално и претпазливо во текстот.
На овој начин како што е објавен,текстот остава впечаток дека изјавата која е со чувствителен јазик е цитирана за да се направи негативна пропаганда против обвинителката Фетаи.

Второ, иако во насловот е цитиран „македонскиот новинар“, написот почнува со реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Покрај тоа што се пренесува реакцијата во која се вели дека „новинарите имаат многу голема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, без разлика дали се обраќаат на социјалните мрежи или во медиумите“, новинарот што го напишал написот што го разгледуваме повторно одлучил да употреби јазик што ЗНМ го критикува.

Трето, употребата на „македонски“ во насловот има цел да го привлече вниманието на медиумите во негативен контекст во смисла дека некое лице од друг етникум коментира за специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи, која е Албанка.

ЗНМ ги предупреди новинарите што треба да направат, а што не!

Како што наведува ЗНМ во својата реакција, засегнатиот медиум повторно го прекршил професионалното новинарство на кое е укажано дури и покрај тоа што го пренеле соопштението. Тоа медиумот го сторил со употреба на дискриминаторскиот јазик преку кој шири и шовинизам.

„Новинарот нема свесно да создаде или обработува информации што ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација од која било основа (национална, верска, расна, родова, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација…)“, се вели во член 10 од етичкиот кодекс на новинарите. 

Што е шовинизам?

Екстремен и реакционерен национализам, национална ексклузивност, погледи на сопствената нација како супериорна и на другите нации како инфериорни нации; национална нетолеранција. Поимот шовинизам не носи со себе пресуда дека шовинистот е исправен или погрешен, туку зборува за фактот дека тој е слеп и неразумен, дека ги игнорира фактите.

Ариел Леви вели дека многу млади жени во САД, „прикажувајќи непристојна култура“ користат традиционални машки атрибути за да ги реплицираат родовите стереотипи. (Пајазити, 2009)

Концепт на манипулација: Повикување на авторитет

Иако во текстот е дадена реакцијата на ЗНМ со која се осудува дискриминаторскиот јазик, приврзаноста на ставот на новинарот прави веста да содржи концепт на манипулација, т.н. „повикување на авторитет“. Се користи за создавање став дека доколку е кажано од друг новинар, тоа е фер и е од интерес за јавноста.

За читателот: Направете избор додека читате

Обидете се да споделите релевантни и нерелевантни делови од новинарскиот напис. Во конкретниот случај, значајна е само информацијата од реакцијата на ЗНМ, а не ставот на апострофираниот новинар. Ова е со цел вие да го препознаете дискриминаторскиот јазик, да го пријавите и да не го усвојувате. Во дадената ситуација, преку овој текст што го рецензираме вие можете да се информирате за родовата и националната омраза на новинарот што е надвор од јавниот интерес и да забележите непрофесионалност на медиумот чија вест ја разгледавме.