Медиумите не треба да создаваат и да шират паника

Foto nga lajmi që e recensojmë.
Foto nga lajmi që e recensojmë.

Обидете се да се држите настрана од медиумите што насловите на вестите честопати ги започнуваат со: „Трагично“, „Неверојатно“, „Шокантно“, „Невидено“, „Нема да ви се верува“ и така натаму, бидејќи ова е едноставен сензационалистички метод за да се привлечат што повеќе љубопитни читатели да „ѕирнат“ во текстот. На овој начин привлекува и веста што ја рецензираме, којашто преку сензационалистички наслов шири паника кај граѓаните за нешто многу сериозно.

Foto nga shkrimi që e recensojmë

Линк до оригиналниот напис:  Застрашувачка снимка од Тетово: Едно лице ги прска влезовите на становите со непозната течност, станарите во паника

Датум на објавување: 12.3.2021

Датум на рецензија: 12.3.2021

Рецензент: Ардит Рамадани

Иако, ова е сериозна работа, за која сè уште нема официјален епилог од надлежните институции, насловот на текстот што го рецензираме панично соопштува:

Застрашувачка снимка од Тетово: Едно лице ги прска влезовите на становите со непозната супстанца, станарите во паника 

Ова е погрешен начин како еден новинар треба да известува за вакви случаи, бидејќи шири паника, а дополнително, во содржината на текстот не му дава на читателот никакви информации за што станува збор.

Информирањето во такви случаи, кога вниманието на сите луѓе е насочено кон медиумите, треба да биде што е можно попрецизно, со проверени информации од повеќе извори.

Во член 8 од Етичкиот кодекс, се вели:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

 

Кога новинар пишува „вест“ под влијание на лична паника, постои ризик да се даде лажна слика

Во моментот кога новинарот пишува вест и кога самиот е преплашен од конкретна слика, тоа не значи дека е во ред да ги „продава“ своите емоции во форма на вест, затоа што честопати кога новинарите информирале под влијание на емоции, прикажале неточна слика на настанот.

Во овој случај, новинарот на текстот што го рецензираме преку насловот им кажува на граѓаните дека се случило нешто страшно пред зграда во Тетово и оти сликите се застрашувачки, но во содржината на веста, истиот новинар објаснува дека сè уште не се знае за што станува збор.

Случајот се разгледува од страна на надлежните органи и сè уште нема официјален извештај за течноста/супстанцата што ја користи неидентификуваното лице, ПИШУВА ВО ТЕКСТОТ ШТО ГО РЕЦЕНЗИРАМЕ.

Авторот не побарал дополнителни докази, не побарал изјави од други извори, експерти или, пак, сведоци. Авторот ниту самиот не излегол на терен за да види со свои очи дали во оваа зграда е напишана некоја едноставна чкртаница или можеби е нацртана линија со спреј.
Информацијата не ги исполнува критериумите за да биде целосно проверена вест, туку таа е една чудна хистерија на субјективната перцепција на авторот.

 

Пандемија на Ковид-19, „помага“ да се нахрани сензационализмот

Земјата во моментот е сред глобална пандемија, при што граѓаните главно се информираат од медиумите за најновите настани поврзани со текот на пандемијата. Вистина е дека во земјата веќе има паника што се однесува на здравствениот аспект, па затоа новинарот не треба да ја подгрева уште повеќе, туку, спротивно, треба да придонесе за намалување на паниката кај граѓаните преку точни и несензационални вести.

Освен повикот на емоции и тенденцијата за сензационализам, новинарот во овој случај ги користел концептите на манипулација, кои се познати како „Кружно расудување“ и „Повикување на веројатност“, со што, преку насловот, тој се обидува да им наметне на читателите дека иако не се знае што навистина се случило, сепак, тоа е нешто лошо и ужасно, но потоа, овие негови претпоставки не ги докажува.

На крај, не кликнувајте на вести коишто преку насловот предизвикуваат емоција на страв, несигурност или натаженост. Доколку целиот фокус на насловот е поставен да биде што е можно посензационален, големи се шансите дека новинарот се обидува да манипулира со вашите чувства како читател.