Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, вчера (19.6.2019) на Твитер објави, наводно, „шокантна вест“ дека на завчерашниот состанок на Советот на министри, на кој се разговараше за одредувањето датум за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, седум членки биле против тоа.
Пишува: Ана Анастасовска
На денешниот ЕУ-Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ:
ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.
12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.
Грција и другите воздржани!, напиша Милошоски на „Твитер“.
На денешниот ЕУ-Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ:
ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.
12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.
Грција и другите воздржани! pic.twitter.com/9O3Y5jDcdV— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) June 18, 2019
https://platform.twitter.com/widgets.js
Ваквата (дез)информација пратеникот ја „поткрепи“ и со принтскрин од напис во „Фајненшел тајмс“ чијшто наслов гласи: „Ладен туш од Франција и Британија за надежите на Балканот за брз прием во Европската Унија“.
„Шокантната вест“ на Милошоски, ја пренесоа речиси сите медиуми во Македонија, а без притоа да ја проверат нејзината (не)вистинитост.
Но, оваа дезинформација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ набрзо беше демантирана од повеќе страни.
Со експресен демант на наводите на Милошоски се јавија премиерот Зоран Заев и неговата партија СДСМ.
Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. Досега немам таков податок – рече Заев.
„Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, повторно е фатен како ги лаже граѓаните. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, немаат идеја, немаат програма, шират лажни вести, безобразно и дрско лажат. Не е точно дека која било држава e против Република Северна Македонија да почне преговори за влез во ЕУ како што лаже Милошоски. Напротив, ниту една земја членка не била против нашата земја“, велат од партијата.
Веста на Милошоски ја демантира и словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, кој вчера во Скопје се сретна со македонскиот колега Никола Димитров.
Запрашан кои земји беа против давање датум за преговори со нашата земја, Лајчак истакна дека ниту една земја за нас не рекла „не”, а одлуката не е донесена, рече, поради внатрешната процедура во Германија, пренесе Слободен печат.
Деманти, според МИА, пристигнале и од други земји.
Дека ниту една земја членка не се противела вчера потврди и романското претседателство на Унијата, кое реагира на шпекулациите дека седум членки завчера на Советот за општи работи биле „против” преговори со Македонија. Информациите се демантирани и на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Луксембург, објави МИА.
Министерствата за надворешни работи на три земји членки на ЕУ – Грција, Белгија и Луксембург демантираат дека биле „воздржани“ или „против“ отворање пристапни преговори со Северна Македонија за време на вчерашниот министерски состанок во Луксембург, објави 360 степени.
„На последниот Совет за општи работи, Грција ја изрази својата силна поддршка за отворање преговори за членство меѓу Северна Македонија и ЕУ. Навистина, Договорот од Преспа воведе нова ера во пријателството и соработката меѓу Грција и Северна Македонија и ја очекуваме натамошната поддршка за нашата соседна земја во наредните чекори кон исполнување на релевантните пристапни критериуми додека стабилно напредува кон исполнувањето на целта – членство во ЕУ.“
Веста на Милошоски на крајот беше пробиена и откриена како лажна.
Имено, и принтскринот што го објави Милошоски од написот во „Фајненшл тајмс“, всушност, е стар напис од април 2019 година.
Еве малку поголем принтскрин од истата вест. Зошто вести од пред два месеца ги претставувате како да се од вчера? pic.twitter.com/bvrnpsxsIY
— дамјанев (@damjanev) June 19, 2019
https://platform.twitter.com/widgets.js
Значи, имаме ситуација во која државен функционер, во случајов пратеник, шири лажни вести. Милошоски, користејќи ја својата функција, прави обиди да влијае врз јавноста пласирајќи дезинформации и креирајќи лажна слика за состојбите. Но, она што се наметнува како прашање е дали ова повлекува морална и правна одговорност во државата?
За жал, во нашето законодавство не е предвидена правна мерка за функционери што шират дезинформации на штета на државните интереси. Во случајов со Милошоски тој може само да биде повикан на морална одговорност и да поднесе оставка. Ваков повик, всушност, и му упати заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
ОСТАВКА ВЕДНАШ!!!
По грубите и аматерски лаги на ексминистерот за надворешни работи, кои во меѓународните кругови се доживуваат со чудење и со потсмев, време е да се побара негова оставка!
Таквото антидржавно однесување, како и злоупотребата на функцијата во Собранието, го прави недостоинствен и понатаму да ги претставува интересите на граѓаните што ја плаќаа(т) неговата поранешна министерска, а сега пратеничка плата.
Да биде иронијата уште поголема, овие крајно штетни активности ги извршува како актуелен претседател на Комисијата за надворешни работи, напиша на „Фејсбук“ заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Но, Милошоски на тоа одговори со извртување на тезите: „Ќе поднесам оставкa откако тоа ќе го направат Заев, Османи и Димитров!“
Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров. Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, рече вечерва Антонио Милошоски во „24 Анализа“, прашан во врска со неговиот јавно објавен став за добивањето датум за преговори за членство на земјава во ЕУ, јави Пресинг ТВ.