Не е точно дека лажни полицајци сакале да ограбат куќа во населбата Илинден

Наводите за лажни полицајци што сакале да ограбат куќа во населбата Илинден, изнесени во овој пост што се споделува на „Фејсбук“, не се точни. Според соопштението на МВР, не станува збор за разбојници и арамии преправени во лажни полицајци, кои сакале да ја ограбат куќата, туку до нападот дошло поради наводен долг на семејството кон напаѓачите. Никаде не се спомнува дека напаѓачите се преправиле во лажни полицајци и како такви заѕвониле на вратата, туку пишува дека тие насилно, со употреба на сила влегле во домот на нападнатите. Значи, во билтенот на МВР никаде не се спомнуваат лажни полицајци и обид за кражба

 

 

Пост на „Фејсбук“ шири дезинформација дека лажни полицајци сакале да ограбат куќа во населбата Илинден. Ваквите наводи не се точни, а тоа може да се види од официјалниот билтен на МВР, каде што е опишан случајот за којшто пишува во објавта што ја рецензираме.

Постот пренесува вест со наслов: „Драма во Илинден: Лажни полицајци сакале да ограбат куќа, па едниот бил прободен со нож“.

Вистинска драма се случувала ноќеска, во скопската населба Илинден, дознава 24 Инфо. Лажни полицајци упаднале во една од куќите за да ја ограбат, по што биле тепани домаќините, но и тие возвратиле, стои на почетокот од написот.

Според информациите на порталот „24 Инфо“, разбојниците биле маскирани во полицајци за да ги прелажат жртвите да им ја отворат вратата.

Откако влегле внатре ги нападнале домаќините.

Разбојниците ѝ го скршиле носот на бабата, а тепан бил и нејзиниот син и внукот. Сепак внукот успеал да земе нож и да прободе еден од арамиите, се вели во веста.

Но, веднаш под ова, веста сама се демантира, објавувајќи информации за инцидентот запишани во билтенот на Министерството за внатрешни работи. Според соопштението на МВР, не станува збор за разбојници и арамии преправени во лажни полицајци, кои сакале да ја ограбат куќата, туку до нападот дошло поради наводен долг на семејството кон напаѓачите. Никаде не се спомнува дека напаѓачите се преправиле во лажни полицајци и како такви заѕвониле на вратата, туку пишува дека тие насилно, со употреба на сила влегле во домот на нападнатите. Значи, во билтенот на МВР никаде не се спомнуваат лажни полицајци и обид за кражба.

На 17.5.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас. Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на МВР.

Повеќето медиуми оваа вест ја пренесоа како инцидент во кој насилници нападнале и малтретирале цело семејство поради наводен долг.

Според ова, може да се заклучи дека наводите изнесени во постот што го рецензираме за лажни полицајци и кражба не се точни. Официјално соопштените информации од МВР говорат дека станува збор за насилен упад и напад поради наводен долг.

Заатоа, пред да се обајви некоја вест, мора убаво да се провери од официјални извори со цел да не се објавуваат лажни и непроверени информации, кои ќе создадат забуна во јавноста.

 

 

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.