Не е утврдено дали ниските температури помагаат во ширењето на коронавирусот

Пред извeсно време државата беше погодена од снежни врнежи. Некои медиуми не ја исклучуваат можноста снегот и студеното време да помогнат во ширењето на вирусот. Всушност, со појавувањето на вирусот Ковид-19, се појавија различни теории за тоа кога може да исчезне истиот. Некои, врз основа на сезонски вируси, претпоставуваат дека и вирусот корона може да биде од таков тип што ќе исчезне со почетокот на потоплите сезони и зголемувањето на температурите. Но, за ова сè уште нема докази. Затоа, медиумите наместо да се сомневаат, подобро е да ги намалат сомнежите со изнесување факти и со тоа да се помогнат да се избегне стресот кај граѓаните

 

Веста што се рагледува

Линк до оригиналниот напис: „Снегот во април нож со две острици, може да му помогне на коронавирусот?!“ Bora në prill thikë me dy tehe, mund ta ndihmojë Koronavirusin?!

Датум на објавување: 26.03.2020

Датум на рецензија: 04.04.2020

Рецензира: Наиле Даути

Текстот што решивме да го разгледаме има некои професионални и етички недостатоци. Во статијата или поточно во само три реда, се фрлаат сомнежи за можноста за ширење на коронавирусот, со појавата на снежните врнежи и пониските температури. Авторот морал да му стави до знаење на читателот дека оваа идеја сè уште не е потврдена. Но, всушност, авторот на статијата предизвикува сомнеж за можноста вирусот да се шири уште повеќе.

Насловот за короната, а само во три реда се зборува за вирусот

Во два параграфи од текстот се зборува со загриженоста на агрономите, кои сметаат дека снегот е нож со две острици. Од една страна, според нив, врнежите се добредојдени заради слабата зима, но од друга страна, снежните врнежи можат да предизвикаат оштетување на дрвјата, кои веќе цветаа.

„Снегот во Македонија последниве години ретко паѓа, па затоа не радува дури и ако падне меѓу јули и август. Но, агрономите предупредуваат дека денешните снежни врнежи на некој начин се нож со две острици. Велат дека од една страна овие врнежи се добредојдени за празни акумулации, заради лошата зима со врнежи. Но, од друга страна, снежните врнежи можат да предизвикаат оштетување на дрвјата, кои веќе цветаа, пренесува „Газета Лајм“. Една добра работа, според агрономите, е што не се предвидува мраз во вечерните часови, па се надеваат дека штетата не е толку голема. Тие ја исклучуваат можноста овој снег да ги оштети пченицата и другите житни култури, бидејќи не е многу студено“, се наведува во текстот.

Но, иако скоро целиот текст е посветен на оваа загриженост, авторот, очигледно намерно, во насловот (Снегот во април нож со две острици може да му помогне на Коронавирусот?!) го споменал вирусот, а во текстот има само три реда за CoVid-19. Но, зошто? Затоа што во ова време „најжешката“ тема со интерес за целата локална и меѓународна јавност е вирусот корона.

„Во јавноста се поставува прашањето дали снежните врнежи помагаат или го уништуваат Коронавирусот, со оглед на првите проценки на лекарите дека високите температури го уништуваат вирусот“, се вели во текстот.

Светската здравствена организација исто така вели дека изложеноста на сонце или температурите над 25 степени Целзиусови НЕ ве штитат од коронавирусот. Вирусот COVID-19, според веб-страницата на СЗО, може да се пренесе, без оглед колку е топло или ладно времето. Земјите со високи температури, се вели, пријавиле случаи на COVID. За да се заштитите, не заборавајте да ги миете рацете почесто и да избегнувате допирање на очите, устата и носот.

Во меѓувреме, членот 8 од Кодексот на етика за новинарите, кој не се почитувал воо текстот, гласи:

„Начинот на информирање во случај на катастрофи, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски рочишта мора да биде ослободен од сензационализам“.

Манипулација преку емоции и селективни докази

Во текстот наидуваме на уште два нагласени видови манипулација. Авторот на текстот, знаејќи ја емотивната состојба на граѓаните, насловот го користи како кука за да привлече што е можно повеќе кликања наменети за материјални придобивки, ги става во функција непријатните чувства на луѓето, стравот, несигурноста, . Ваквите активности се спротивни на етичките и професионалните стандарди. Во следната манипулација авторот има тенденција да покаже факти кои зборуваат во прилог на тврдење и во исто време да ги игнорира фактите што се против истото. Значи, авторот не се ни обидел да побара факти или барем да ја отвори веб-страницата на СЗО и да и покаже на јавноста дека нема потреба да се плаши. Овие техники на манипулација преку повикување на емоции и користење селективни докази се детално опишани во нашиот прирачник КриТинк.

За читателите

Како што напоменавме погоре, сè уште не е докажано дали температурите играат улога во ширењето или спречувањето на коронавирусот, така што не треба да се грижите за овој дел. Но, дури и ако има улога, ништо не може да се стори во природните процеси. Затоа, најважната и клучна работа што останува во ваша рака е максималната грижа за себе и за другите околу вас. Како и секогаш, нашиот повик кон читателот продолжува да останува ист, избегнувајте медиуми кои шират паника. За поточни податоци за овој вирус, на глобално ниво, посетете ја веб-страницата на СЗО. За податоците на државно ниво, посетете ја веб-страницата на Министерството за здравство и други здравствени установи.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.