Манипулативните наслови се знак дека авторот сака неетички да привлече што повеќе читатели, без да се грижи за влијанието што може да го има врз нив. Текстот што го анализираме, или поточно неговиот наслов, болеста кај животните „Њукасл“ ја поврзува со коронавирусот, што воопшто не е точно.
Линк до оригиналниот напис: По Коронавирусот, болеста њукасл е откриена во една фарма во… Pas Koronavirusit, zbulohet sëmundja “njukastel” në një fermë në…
Датум на објавување: 09.04.2020
Датум на рецензија: 19.04.2020
Рецензент: Наиле Даути
Насловот на написот: „По коронавирусот, откриена е болеста „Њукасл“ на фарма во…“, асоцира на две погрешни работи:
- Дека оваа болест е опасна за луѓето и дека по вирусот ковид-19 ќе треба да се справат со друг здравствен проблем.
- Дека оваа болест е на глобално ниво што асоцира дека ќе биде исто како со коронавирусот
Појаснување за двете споменати точки, кои ни асоцираат на погрешни ситуации:
1. Како што е потврдено од Агенцијата за храна и ветеринарство, оваа болест не е опасна, па дури ни пренослива за луѓето. Авторот внатре во текстот со еден збор го негира насловот што ѝ го дал на статијата. На веб-страницата на Светската здравствена организација, исто така, се наведува дека овој вид на болест може да ги допре луѓето, но главно доколку имаат директен контакт со заразени птици, ама дека симптомите се многу слаби. Од друга страна, на веб-страницата на Департаментот за агрикултура на Соединетите Американски Држави се наведува дека: „вирулентната болест Њукасл не претставува грижа за безбедноста на храната. Никогаш не се случил човечки случај на заболување од „Њукасл“ од јадење производи од живина. Правилно готвените пилешки производи се безбедни за јадење. Во многу ретки случаи, луѓето кои работат директно со болни птици можат да се заразат со благи симптоми, како што е конјунктивитис. Ова лесно се спречува со опрема за лична заштита“.
Иако може да има различни ставови помеѓу експертите за тоа дали луѓето можат да бидат заразени со оваа болест, главната и најважната работа е дека луѓето не се изложени на ризик од оваа болест, туку само животните или птиците. Значи, нема потреба воопшто да се грижите.
2. Друг проблем со насловот е што кога го читаме, го поврзуваме со глобална болест, слична на коронавирусот, иако зборуваме за нашата земја што не е во ред. Болеста е присутна во многу делови на светот, но не е заразна за луѓето. Според веб-страницата на Светската здравствена организација на животните, „болеста во моментот постои во Канада, САД и неколку западни европски земји. Ја има и во делови од Африка, Азија и Јужна Америка. „Сепак, бидејќи дивите птици понекогаш можат да го имаат вирусот без да се разболат, може да се појават епидемии каде и да се одгледуваат птици“, пишува на веб-страницата на организацијата.
Од она што може да се види, овој вид на болест нема никаква врска со коронавирусот и во други околности авторот сигурно би дал друг наслов, но со оглед дека ситуацијата е таква што луѓето веројатно се заинтересирани за сè што се однесува до тековниот вирус, ова беше вистинскиот наслов да ги натераат да го прочитаат написот.
Авторот на статијата направил серија манипулации преку насловот. Лажна аналогија, повик на емоции и тенденција за привлекување внимание, се најизразени манипулации. Авторот свесно става наслов што ги тера читателите да помислат дека постои можност да се појави заразна болест како коронавирусот, иако таквата можност е малку веројатно да се случи, барем според релевантните светски и домашните институции. Авторот намерно прави лажни аналогии помеѓу коронавирусот и болеста „Њукасл“, а потоа ја користи оваа аналогија со правење неетичка претпоставка. Заедно со ова, ја става во функција депресивната состојба и несигурноста на граѓаните, така што ги користи нивните емоции. Иако авторот внатре во текстот го демантира својот наслов, сепак тој ја постигнал целта само со една реченица да го привлече вниманието на читателите.
Покрај горенаведените манипулации, авторот го прекршил и Етичкиот кодекс на новинарите.
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (член 8)
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите (Преамбулата)
Читателите треба да бидат внимателни и да избегнуваат вакви наслови. Насловите со три точки, кои му наметнуваат на читателот да разбере погрешни работи, не се карактеристични за професионалните медиуми и новинарите. Новинарот треба секогаш да се обидува да избегне двосмислени изрази, кои даваат погрешни асоцијации. Ваквите постапки треба се казнат и таквите медиуми не треба да зафаќаат ничиј простор и време.
Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.