Центарот за комуникации за климатски промени при Унверзитетот „Џорџ Масон“, го објави најновиот Прирачник за дебанкинг 2020, предводен од авторите Стефан Левандовски, Џон Кук и Ултрит Икерт (Stephen Lewandowsky, John Cook,Ullrich Eckert).
Овој Прирачник ја сумира моментната состојба на науката за дезинформации и нивното разоткривање. Напишан е од тим од 22 истакнати научници за дезинформации од различни универзитети низ светот, а претставува тековен консензус за науката за разоткривање лажни вести, на ангажирани граѓани, креатори на политики, новинари и други практичари.
Според авторите, Прирачникот е документ создаден од иновативен процес, кој опфаќа низа однапред дефинирани чекори, документирани и јавно достапни. Авторите беа повикани врз основа на нивниот научен статус во областа, и сите тие се согласиле за точките наведени во прирачникот. Затоа, новиот Прирачник го одразува научниот консензус за тоа како до борба против дезинформациите.
Имено, ова е ажурирање на Прирачникот за дебанкинг, објавен во 2011 година. Она што е ново во споредба со оригиналниот Прирачник е дека во последните 10 години, има подобро разбирање за овие феномени како резултат на повеќе докази – за тоа како да се спречи дезинформирањето, пред сè, најдобрите практики за разоткривање на дезинформациите што веќе се достапни.
На пример, има податоци колку се важни иницијативите за медиумската писменост во спречување на дезинформациите. Исто така, во Прирачникот се внесени некои загрижености, како што е back fire effect, што, всушност, може да направи некој уште посилно да верува во лажните информации – не е чест феномен. Повеќе информации и самиот прирачникот може да се најдат на следниот линк.