Од 26 октомври до 2 ноември 2020 година, ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумската писменост организирани од Мрежата за медиумската писменост.
Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се вклучат во активностите предвидени со годнинашната програма, кои вклучуваат: работилници, дебати, вебинари и други онлајн-настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.
Поради присутната пандемија на ковид-19, настаните од ДМП 2020 ќе бидат целосно организирани и спроведени на интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври).
Ова е вторпат нашата земја да се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела во чии рамки УНЕСКО годинава упати повик до сите граѓани да се спротивстават на дезинфодемијата користејќи ја медиумската писменост како моќна алаткa и, без ралика каде живеат и работат во светот, да учествуваат во настаните посветени на медиумската писменост. Токму затоа, мотото на ДМП 2020 е „Секоја вест на тест“, а ќе ги опфати следниве настани:
Во рамките на Деновите на медиумската писменост 2020, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка од Европската Унија, организира два јавни настана – панел-дискусии во формат на вебинари:
- 28 октомври во 14 часот: Резултати од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење и искуства од терен
- 29 октомври во 11 часот: Борба против дезинформации, во услови на пандемијата на ковид-19 и пошироко