На 29 октомври од 11 часот, во рамките на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка на Европската Унија, организира јавна панел-дискусија на тема пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на ковид-19.
Панелисти на настанот:
- Зоран Бојаровски, советник на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за медиумски реформи
- Бардил Јашари, извршен директор, Фондација „Метаморфозис“
- Марина Тунева, извршна директорка, Совет за етика во медиумите на Македонија
- Љупчо Петковски, истражувач, Центар за европски стратегии – „Евротинк“
- Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и „Вистиномер“, Фондација „Метаморфозис“
Модератор: Филип Стојановски, раководител на „Критинк“, Фондација „Метаморфозис“
Панелот ќе овозможи дискусија меѓу претставници на државните институции, граѓанскиот сектор и медиумската заедница, со цел посочување на постојните и воспоставување нови синергии во јавен интерес.
Во рамките на настанот прв пат ќе бидат претставени и прелиминарните резултати на истражувањето спроведено во рамките на „Критинк“ за односот на општата јавност кон медиумската писменост. Претставниците на „Метаморфозис“ ќе ги презентираат и досегашните искуства од партнерството со „Фејсбук“ во рамките на програмата за проверка на факти.
Панелот, освен разговор меѓу панелистите, ќе овозможи и дијалози со публиката, преку можности за поставување прашања или искажување мислење од страна на сите учесници.
Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе се одвива онлајн преку платформата „Зум“, а ќе се емитува и во живо преку фејсбук-страницата на „Критинк“.
Zoom Meeting
https://techsoupglobal.zoom.us/j/96927394956?pwd=UVdHV0lLVzR6WG1uUzAwTDducHZMdz09
Meeting ID: 969 2739 4956
Passcode: 882202