Во периодот меѓу 28 септември и 1 октомври ќе се одржи серија јавни онлајн-настани за претставување на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ во периодот од октомври 2019 г. до јуни 2020 г.
Агендата на секој од настаните опфаќа два дела. Во првиот дел преку кратки презентации грантистите на „Критинк“ ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведувањето на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции.
Настаните ќе бидат отворени за јавноста и ќе се одвиваат според следниот распоред:
Плански регион | Грантисти | Време | Пристап |
Скопски и Североисточен | 1. Рома Прогрес 2. Здружение „Центар за аудиовизуелни уметности“ 3. Контрапункт 4. Диверзити Медиа 5. МИЕС 6. КриејтивЕјт |
28.9.2020
11 часот |
|
Полошки | 1. Здружение „Мултикултура“ -Тетово 2. Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ |
29.9.2020
11 часот |
|
Источен и Југоисточен | 1. Здружение на граѓани „Медиа плус“ 2. Регионален центар за застапување 3. Здружение на граѓани „Скај Плус“ 4. Мултус |
30.9.2020
11 часот |
|
Југозападен, Пелагониски и Вардарски | 1. Здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ 2. Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес 3. Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС) 4. Здружение за развој на граѓанско образование и цивилно општество ГАНИМЕД |
1.10.2020
11 часот |
Сите настани ќе бидат емитувани во живо и на „Фејсбук“ преку официјалната страница на „Критинк“ (facebook.com/kritink.mk). Настаните и дискусиите ќе бидат снимани и по завршувањето снимките ќе бидат јавно достапни онлајн преку е-библиотеката на веб-страницата на „Критинк“.