Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“ се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.
Конкурсот за мали грантови е дел од вториот циклус на Програмата за мали грантови и е објавен на 1 јуни, а ќе биде отворен до 15 јули 2019 година.
Во рамките на вториот циклус е планирано да бидат доделени десет (10) гранта со износ од 6.000 до 7.000 евра, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони на Република Северна Македонија, при што во еден регион може да биде доделен и повеќе од еден грант.
Детаљни информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/
Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.
Специфичните цели на проектот се:
- Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности;
- Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вклуќувајќи и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции;
- Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.
Со цел да ги приближат и да ги дообјаснат Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, „Метаморфозис“ и „Евротинк“ организираат информативни сесии во 10 града од 8-те плански региони во Република Северна Македонија.
Точниот распоред на информативните сесии се во табелата:
Град | Датум и час | Локација на настан |
Тетово | 10.6.2019 г.; 11 ч | НВО Лоја, ул. Илинденска бр. 18А |
Гостивар | 10.6.2019 г.; 14 ч | Youth and Community Center – Gostivar, ул. Мајор Чеде Филипоски, бр. 158, Гостивар |
Кичево | 11.6.2019 г.; 11 ч | Хотел „Кичево“ |
Струга | 11.6.2019 г.; 15 ч | Хотел „Дрим“ |
Битола | 12.6.2019 г.; 11 ч | Младински културен центар, Битола, ул. Цар Самуил бр. 29 |
Велес | 12.6.2019 г.; 15 ч | НВО центар, ул. Трајче Панов бр. 22 |
Куманово | 13.6.2019 г.; 11 ч | Општина Куманово |
Штип | 17.6.2019 г.; 11 ч | Хотел „Оаза“ |
Струмица | 17.6.2019 г.; 14 ч | Центар на заедниците |
Гевгелија | 18.6.2019 г.; 11 ч | Дом на културата, ул. 7ми Ноември бб, Гевгелија |
Скопје | 19.6.2019 г.; 11 ч | Граѓански ресурсен центар, бул. Св. Кирил и Методиј, бр. 50 (во близина на ЕУ Инфоцентар) |
Информации за одделните информативни сесии се достапни и во вид на најави за настани на „Фејсбук“.