Покана за вебинари за дигитална безбедност за граѓански активисти и медиумски работници

Фондацијата „Метаморфозис“ заедно со ISC Project овој месец организира два вебинара, кои опфаќаат теми за кои сметаме дека се од исклучително значење на невладините организации што имаат медиумски проекти, како и на самите медиуми, а се од доменот на дигиталната безбедност.

Деталите за вебинарите може да ги погледнете подолу. Доколку сте заинтересирани, пријавете се на следниот линк*: https://forms.gle/Es9GAjrcPQJFH5rC9

одатоците се прибираат само за вебинарите и нема да бидат искористени во маркетиншки или други цели. Податоците ќе бидат избришани по одржување на вебинарите.

 

Заштита на приватноста и медиумите/ 6.8. (четврток)/ 13:30 ч /Времетраење 45мин. – 1 час

Ќе биде опфатен стандардот GDPR (General Data Protection Regulation) и новиот Закон за заштита на личните податоци. Обврските и можните казни што произлегуваат од него, а се особено важни за медиумите, но и за граѓаните. Вебинарот ќе се осврне и на прашањето за воспоставување баланс помеѓу приватниот и јавниот интерес како клучен механизам за почитување на приватноста на лицата за кои се известува во медиумите.

Предавач е Елена Стојановска

Магистер по комуникации со долгогодишно искуство во областа на заштитата на приватноста. Во периодот од 2005 до 2014 година работи како советник за меѓународна соработка и за односи со јавноста во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а оттогаш наваму како аналитичар и истражувач во областа на заштитата на личните податоци. Покрај правото на приватност во нејзиното поле на интерес се и медиумската регулатива и информациско – комуникациските теории. Од 2016 година е дел од тимот на Фондацијата „Метаморфозис“ како координатор на грантови на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Покрај тоа, активно придонесува за проектите што се тесно поврзани со заштитата на приватноста како човеково право.

 

Управување со cybersecurity инциденти – Бидејќи инцидентите не се решаваат сами!/ 12.8 (среда) / 13:3 0ч/ Времетраење 45 мин. – 1 час

Во време во кое буквално секоја седмица слушаме за нов несакан настан од доменот на cybersecurity, организациите треба да се подготвуваат за соодветна реакција. Работилницата ќе има интерактивен формат – слушателите се учесници во инцидентот и ќе треба да се справат со настанот! 

Предавач е Божидар Спировски

Работи повеќе од 20 години во повеќе индустрии како инженер, раководител на технички тимови и раководител на тимови на информативна сигурност. Моментно работи како Chief Information Security Officer во компанијата H4 и се фокусира на развој на успешен и интегриран information security тим, кој ѝ помага на организацијата да управува со безбедноста на информациите. Претходното искуство вклучува седум години во Македонски телеком, преку десет години во НЛБ банка како Chief Information Security Officer и раководител на ИТ-операции и една година во ЕВН Македонија како Chief Information Security Officer.

Основач и ментор на BeyondMachines програмата за менторство на млади инженери.
Учесник на повеќе регионални конференции како гостин предавач (INFOSEK Slovenia, Microsoft Vizija и други). Иницијатор и еден од организаторите на cybersecurity настанот и предизвик Swiss Chese 2019. Во периодот од 2008 до 2012 го води блогот Information Security Short Тakes.