„КриTинк квиз“ е тест на знаење достапен преку мобилна апликација (Android, IOS) која Ви овозможува да го проверите своето знаење во различни области, да се натпреварувате меѓу себе и да се едуцирате за теми кои Ви се инетересни.
Секој корисник на Критинк може да пристапи кон користење на апликацијата со регистрирање и креирање сопствен профил, а целокупната активност на корисникот е прегледна во делот „Профил“ кој е видлив само за корисникот.
Оваа Политика за приватност се однесува на Вас како корисници на Критинк и е наменета да Ве информира на кој начин ќе бидат заштитени Вашите лични податоци за време на нејзиното користење.
1. Контролор
Согласно Законот за заштита на личните податоци, Контролор е
Фондација за интернет и општество -Метаморфозис
Адреса: ул. Апостол Гусларот бр.40, Скопје
Телефон: 02/3109325 e-mail: info@metamorphosis.org.mk web: www.metamorphosis.org.mk
2. Офицер за заштита на личните податоци
Име и презиме: Елена Стојанова
Телефон: +38923109325
e-mail: elenas@metamorphosis.org.mk
3. Зашто ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме за да Ви овозможиме леснo и ефикаснo користење на Критинк. Критинк може да се игра самосостојно, преку учество во турнир или пак со зачленување во група со која може да се натпреварувате.
4. Која е правната основа за обработка на Вашите личните податоци
Правна основа за собирање и обработка на Вашите лични податоци како корисници на Критинк е Вашата согласност. Согласноста е правна основа за обработка на задолжителните лични податоци за регистрација, незадолжителните лични податоци кои можете да ги внесете по регистрацијата.
5. Кои Ваши лични податоци ги собираме и обработуваме?
Метаморфозис собира и обработува лични податоци кои се откриени исклучиво од Ваша страна како корисници на Критинк.
Критинк ги обработува Вашите лични податоци кои е потребно да ги споделите за да може непречено да ја користите апликацијата. Користењето на Критинк можете да го отпочнете со регистрација на кориснички профил при што задолжително треба да внесете:
– Е-адреса
– Лозинка
– Корисничко име
По Вашата регистрација, дополнително можете да внесете и податоци за:
– Датум на раѓање
– Пол
– Држава
– Општина
– Фотографија
Овие податоци не се задолжителни, односно, не влијаат на можноста за користењето на Критинк.
6. Дали користиме автоматско донесување на одлуки и профилирање за цели на директен маркетинг?
Критинк ги обезбедува наведените функционалности но не врши автоматско донесување на одлуки ниту пак поседува функционалност со која се врши профилирање.
Доколку во иднина Критинк се надгради со функционалности за автоматско донесување на одлуки или профилирање, тоа ќе биде направено со претходна анализа за потребата, анализа на ризик и Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно.
7. На кој начин ги штитиме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои се обработуваат за целите на користење на Критинк се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и интерните акти за заштита на личните податоци на Метаморфозис.
Критинк користи двојна идентификација пред воопшто да започнете да ја користите апликацијата, односно:
– внесување на податоци за регистрација
– верификација преку порака на Вашата е-mail адреса внесена при регистрацијата
Доплнително, Критинк користи криптиран токен за валидација на корисник со помош на кој се оневозможува неавторизиран пристап до апликацијата. Токенот за валидација служи за пристап и идентификација со што се обезбедува автентификација на корисникот пред воопшто да започне користењето на Критинк.
Метаморфозис презема соодветни сигурносни мерки за заштита од неавторизиран пристап, незаконско откривање или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен исклучиво на овластени лица, а истиот се дава за цели на обезбедување на непречено функционирање на Критинк.
8. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ги чуваме се додека активно ја користите мобилната апликација Критинк.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за целите на користење на Критинк, ние сме должни да ги избришеме Вашите лични податоци дадени за целите на користење на апликацијата.
Дополнително, Критинк обезбедува можност за самите да го избришете Вашиот кориснички профил со што и вашите податоци ќе бидат избришани.
9. Дали Вашите податоци се споделуваат со некој друг?
Вашиот кориснички профил на Критинк е видлив за останатите корисници во засебен комуникациски панел кога се зачленувате во група или учествувате на турнир. Освен споделувањето со другите корисници за кое сте информирани и согласни при самото отпочнување на користење на Критинк, ние можеме Вашите податоци да ги споделиме во следните случаи:
– Споделување на Вашите лични податоци согласно договор за цели на администраторска поддршка во решавање на технички проблем при што заштитата на личните податоци е регулирана со посебен договор
– Споделување на Вашите лични податоци согласно закон за цели на водење на постапки согласно закон.
Доколку во иднина се појави потреба за пренос или откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
10. Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
Право на пристап
Остварувајќи го правото на пристап, можете да добиете податоци за тоа: зашто ги обработуваме Вашите лични податоци, кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас, дали собираме Ваши лични податоци други извори, освен од Вас лично, дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, колку долго ги чуваме Вашите лични податоци, дали во нашето работење постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање.
Право на исправка
Правото на исправка можете да го остварите во случај кога сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни или кога сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат доплонети за да се исполни целта заради која се обработуваат.
Право на бришење
Правото на бришење можете да го остварите во случај кога сметате дека Вашите лични податоци не се повеќе потребни односно, целите за нивната обработка се веќе исполнети; не сте повеќе согласни да ги обработуваме Вашите лични податоци; сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени.
Право на oграничување на обработката
Ова право може да го остварите кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци; ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска; сметате дека податоците не се потребни на Метаморфозис, но потребни Ви се Вам за остварување на други правни барања.
Право на преносливост
Вие имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран и читлив формат и да побарате истите бидат пренесени на друг контролор.
Право на повлекување на согласност
Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци. По Вашето барање за повлекување на согласноста, ќе постапиме без одлагање.
11. Измени во Политиката за приватност
Метаморфозис, земајќи ги предвид искуствата на корисниците и надградувањето на функционалностите на Критинк ќе врши повремени дополнувања на оваа Политика за приватност. Следите измените и дополнувањата на Политиката за приватност, а се со цел да бидете навремено информирани за заштитата на обработката на Вашите лични податоци.
12. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
https://www.dzlp.mk/ info@privacy.mk