„Вест“ целосно надвор од професионалното информирање

Фото: Илустрација

Честопати во Северна Македонија гледаме одредени групи или политички партии како отвораат и управуваат интернет-портали наречени „информативни портали“, но служат за лични или групни интереси. „Вестите“ што ги создаваат најчесто не се за правилно информирање на јавноста. Таков е и текстот што го разгледуваме

 

Fotografi nga lajmi që recensohet
Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Како му ја „бапна“ Груби на Муса за 50 евра!? Si ja “trusi” Grubi Musës për 50 euro!?

Датум на објавување: 5.11.2019

Датум на рецензија: 18.11.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

„Атрактивен“ наслов е најдобрата „мамка“ за читателите
Во текстот што го разгледуваме, прво што забележуваме е несоодветниот наслов на текстот, кој го дезинформира читателот, го доведува во заблуда и постигнува други цели, неприфатливи во однос на основните стандарди на новинарската етика. Наслов како овој е нејасен и го наведува читателот на погрешно толкување.

Текстот не го информира читателот


Во текстот нема извор на информации за тоа што се зборува, и сè е речеиси бесмислено наведено. Текстот го нема ниту минималното ниво на покривање, бидејќи авторот не се обидел да контактира со страната што ја „напаѓа“. Присуството на коментари е многу евидентно и постои поврзаност на повеќе настани во еден текст, што само го збунува читателот и не ја оправдува главна цел – да го информира.

Авторот ги оправдува постапките на лекарот, заборавајќи дека нема право да суди и оти неговата улога е само пренесување информации.

„Груби го понижи струшкиот лекар додека во исто време се убиваат партиските криминалци на ДУИ, се колат по албанските градови и излегуваат од затвор без проблеми како што е убиецот на командантот Орел, борба на две кумановски банди, кои се бореа во Мала Речица, каде што имаше убиени – тие се во куќен притвор, или банди што го ранија Валон Бела и други банди низ Скопје и многу други случаи“– се вели во текстот.

Читате пасус, а не знаете што сте прочитале

Текстот е многу нејасен, првично се зборува за пратеник на политичка партија што ја поздравил оставката на функционер од истата партија, а потоа во текстот се обвинува истиот пратеник дека токму тој е причината за оставката на засегнатото лице. Обвиненијата се само хипотетички насочени и речиси никаде не се базираат на факти.

„Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пред неколку дена ја поздрави оставката од заменик-министерот Асим Муса и го принуди лекарот Асим Муса да даде оставка, изедначувајќи го со криминалец од висок ранг“, се вели во текстот.

Не треба да се заборави дека новинарот мора да биде чесен, објективен и точен во информациите што ги презентира. Авторот на текстот не го почитува Кодексот на етика на новинарите во многу погледи и не ги почитува ниту основните начела на новинарството.

ЕТИЧКИ КОДЕКС:

„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари“

„Новинарите мора да развиваат култура на изразување и етика. Непримерната комуникација со јавноста не одговара на новинарската професија“

Запамтете каде читате за да го игнорирате медиумот подоцна


Ако наидете на таков текст, најдобро е да го игнорирате. Ако штотуку сте влегле и го читате текстот, најмалку што треба да направите е да запаметите добро каде е објавен за следниот пат да не бидете плен на вакви информации. Еднаш сте се измамиле, не дозволувајте повеќе!