„Вест“ што дезинформира за 5Г-мрежата

5Г-мрежата, поим што за повеќето граѓани е многу апстрактен и неразбирлив, остава исклучително голем простор за (дез)информирање на јавноста од страна на информативните портали и тоа особено ако ги нема потребните објаснувања. Во овој преглед, како основа е земен текст што не содржи вест, нема информации, нема структура и не кажува ништо

Линк до оригиналниот напис: „Македонија/А1 започна монтажата на антените 5Г! Влада нè уништивте!“ Maqedoni/ A1 ka nisur montimi i antenave 5G! Na morët n’qafë Ooo Qeveri!

Датум на објавување: 12.4.2020

Датум на рецензија: 14.4.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Многу интригантен наслов што констатира и коментира .. Ова не е вообичаено за вестите. Љубопитноста ја води публиката понатаму, но текстот не нуди ништо повеќе: имиња, коментари, субјективност и многу правописни грешки. Јазик што не е вообичаен јазик за пишување вести и гласи вака:

„А1 Инсталацијата на 5Г антени започна

НЕ

уништивте о Влада на Република Македонија ова е убиство за сите нас.

Кадир Зеќири

Тадина Тосуни А neWs24

Сега се случува оваа работа, но никој не може да ми каже каде лежи проблемот со 5Г.

ОВА Е прашање На бизнис на големите сили или навистина овој вид инсталација, оваа моќност на 5Г му штети на здравјето на луѓето!“вака пишува во текстот што го разгледуваме.

 

Во Северна Македонија сè уште не постои 5Г-мрежа 

5Г е петта генерација на мобилната мрежа. Тоа е нов глобален стандард на бранови по развојот во фази од 1Г, 2Г, 3Г и 4Г. Во октомври 2019 година (А1) и во ноември 2019 година (Македонски телеком), мобилните оператори ја тестираа првата 5Г-мрежа во центарот на Скопје. Други тестови ќе бидат спроведени во текот на оваа година и врз основа на нив е најавено дека мрежата ќе биде пуштена во употреба. Целта е државата да биде покриена со овој стандард на пренос на податоци до 2023 година, но факт е, дека во моментот, оваа мрежа не е во употреба.

 

Претпоставуваме дека…

Во обидот да се разбере барем малку текстот на оваа „вест“ и целта на авторот, останува да претпоставиме дека наведените имиња се коментатори, кои некаде ги напишале своите ставови, а, подоцна е направен „копи-пејст“ од страна на медиумот. Не е разјаснето кои се овие луѓе, каква е нивната поврзаност со операторот А1 и 5Г-мрежата, какви се нивните познавања… Покрај овие неопходни објаснувања, авторот ако сакал професионално да направи текст, требало да земе став и од компанијата А1, како втора страна во веста.

Користејќи го недостигот на спротивни докази, авторот има цел манипулација со јавноста. Нејасниот ефект, во овој текст дава своја улога во процесот за да се збуни читателот. Појаснувањето на овие две техники е дадено во прирачникот „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“ изработен во рамките на „Критинк“.

 

За читателите

Јазикот на новинарот треба да биде едноставен за да може да се разбере од сите. Не сите читатели ги разбираат технологиите за мобилни комуникации за да можат да сфатат дали 5Г-мрежите предизвикуваат штети за здравјето на луѓето. Најверојатно, ниту новинарот не ги знае деталите, така што надлежните треба да информираат и да ја разјаснат ситуацијата за потребите на јавноста.

Во отсуство на информации што требаше да ги обезбеди авторот на текстот, на читателот му останува да си прави претпоставки за вистината. Ова не смее да се случи. Авторот, во професионална вест, ги нуди сите страни и сведоштва на избалансиран начин и читателите се тие што решаваат на која страна сакаат да застанат и на кого да му дадат право и конечно, врз основа на фактите да си изградат сопствен став за некој општествен феномен или проблем.