Злоупотреба на теми за да експлодира бомба на реакции од читателите

Меѓуетничките судири, предрасудите, поттикнувањето на поделби и слични содржини секогаш претставуваат вести во нашите медиуми. Токму затоа што се чувствителни теми што го привлекуваат вниманието на јавноста. Во случаите како овој што го рецензираме, медиумите ги користат овие теми како „фитиљ“ за да експлодираат бомба на реакции од читателите.

 

 

Линк до оригиналниот напис: Бојана Стефановска: Албанците имаат 3.000 години историја, а Македонците имаат само 73 години

Датум и време на објавување: 18.1.2019

Датум на рецензија: 23.1.2019

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

Мислењето на кој било човек не може да биде основа за вест

Обично кога цитирате некого, кога во информациите се повикувате на некого, тоа значи дека тоа лице е компетентно да му се довери медиумски простор како познавач на темата или носител на функција, која е клучна за темата. Од текстот што ни го нуди авторот, не е јасно која е Бојана Стефановска, која е опишана само како Македонка и не се објаснува зошто нејзиното мислење за оваа тема е важно.

Македонката, Бојана Стефановска, изјавува дека македонската историја почнува пред 73 години, кога е создадена како држава од страна на Тито и има само 27 години историја како функционална држава, додека за Албанците има друго мислење и наведува дека Албанците имаат 106-годишна историја на државата, но нивната историја е многу подолга од таа на Титовата Македонија, при што албанската историја е подолга од 3.000 години, и како такви, Албанците се автохтони во своите земји, поради долгата историја во овие територии.

 

Кодекс на новинарите на Македонија:

Новинарот нема свесно да создава, ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 

Често непрофесионалните вести содржат и коментари

За да се засили мислењето на горенаведената жена, која останува непозната за читателот, авторот додава и некои лични мисли. Неговите коментари се полезни за стереотипите и ги продлабочуваат поделбите меѓу граѓаните на двете најголеми етнички групи во земјата.

Добро е кога младите на денешна Македонија признаваат и учат дека нивната историја не е таа на која се повикуваат – на античка Македонија, туку едноставно дека тоа е држава создадена пред 73 години, и која со цел да се преиначи историјата се нарече Македонија, за да се отргнат уште повеќе Албанците од нивната вистинска историја.

 

Кодекс на новинарите на Македонија:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 

„На лов“ по професионални вести

Сѐ додека Бојана Стефановска е непозната личност за јавноста, не е историчар, не е јавен функционер и нема друга улога во општеството, нејзиното мислење е потполно безначајно за да окупира толкав медиумски простор и да биде главен извор за една вест. Мислењето на обичните граѓани во медиумите се пласира во вид на анкета со случајно избрани лица. Нивната употреба за други цели и форми се смета за непочитување на етичките принципи и професионалните стандарди.