На читателите не им требаат половични информации, нема што да направи со нив!

Собирањето на информации, документи и други податоци со кои се разјаснува или документира тезата со која новинарот го започнува своето истражување, е само половина од работа, а другиот дел од задачата е барањето изјава од лицето или институцијата кон кој/а е насочен прстот. Тој што е на нишан треба да има можност и простор да се објасни. И на читателот треба да му се понудат разработени и компактни информации, а не како во овој случај кога нема што да направи со нив, кога медиумот создава конфузија и база за лажни вести.

 

 

Линк до оригиналниот напис: „ДОКУМЕНТИ„ Зошто Универзитетот Мајка Тереза троши само 40% од планираниот годишен буџет?

Датум и време на објавување: 02.05.2019, 22:27

Датум на рецензија: 12.2.2019

Рецензент: Фатљуме Дервиши

 

 

Да се продолжи истражувањето

Авторот на овој текст пишува дека открил дека Универзитетот „Мајка Тереза„ не троши повеќе од 40% од годишните буџетски пари наменети за него. И без да се навлезе во истражување и проверка дали ова е точно, ова е добра појдовна точка за тема која е од јавен интерес.
Но, авторот го заокружил своето информирање само јавно поставувајќи прашања.

„Се поставува прашањето зошто не се трошат буџетските и сопствените средства на Универзитетот ако се знае дека има жалби од академскиот и административниот кадар на овој универзитет кои зборуваат дека платите се многу ниски, дека им несоодветни услови за изведување на наставата.
Зошто не ги трошат планираните буџетски средства на Универзитетот “Мајка Тереза” со настава на албански јазик, е навистина енигма.„ 

Што му недостасува на овој текст?

Како прво, жалбите од академскиот кадар се споменуваат само површно, но не се цитирани ниту се кажува кога и каде се поднесени тие жалби. Второ, не е побарано објаснување од Универзитетот. Да се расвелти еден аспект што „не штима“ е половина од работата, а другата половина е да се бара појаснување и одговори зошто ситуацијата е таква. На тој начин, освен што му се дава можност да се дообјасни на тој што е таргет на информацијата (што е задолжително), на читателот, му се дава поцелосен преглед за да се разбере како стои работата и зошто буџетски средтсва кои што му се доделени на овој Универзитет не се користат.

Етички кодекс на новинарите

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

Новинарот мора да ги разложи енигмите за јавноста

Должност на новинарот е да ги разложи енигмите со кои што е обвиена работата на јавните институции или органи, кои што се финансираат од јавни пари. Не е доволно новинарот само да објави каде лежи енигмата или да отвори дилема и да не направи ништо за нивно расветлување. Новинарот и должи на јавноста истражување и целосно информирање за теми што се од интерес.