Бомбастичен наслов и манипулација со фотографија

Во време кога на повидок е изборен циклус, повеќе од кога и да е се појавува можноста да се видат текстови што одат во прилог на одредена личност или субјект и „напаѓаат“ лице или друг политички субјект. Во такви текстови ќе се најде сè, само информација не. Манипулација со видео, манипулација со наслов, недостиг на факти за потврдување на тоа што е напишано и многу коментари. Овие се најчестите елементи со кои се среќаваат читателите и ги наоѓаме во вестите што ги разгледуваме.

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Зборува Зијадин Села, половина од младината на АА, ја напуштија салата?“ Flet Ziadin Sela, gjysma e rinisë së ASH-së e braktisën sallën? (VIDEO)

Датум на објавување: 4.11.2019

Датум на рецензија: 22.11.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

Ако сликата вреди колку илјада збора, зошто треба да се коментира видео од перспективата на една личност?!

Во текстот што го разгледуваме авторот извадил видеопарче и напишал текст во кој ги опишува своите лични ставови, без да ги заснова на факти. Авторот напишал дека во текот на говорот на лидер на политичка партија, сите симпатизери ја напуштиле салата каде што се одвививал настанот, но не го зел предвид фактот дека во тие моменти потезите ги правеше лицето што излегуваше на трибината придружено со обезбедување и неговите придружници.
Авторот не ни утврдил чии биле слободните места што се гледаат во видеото што го презентирал, дали биле на младите или на партиските функционери и партиските комесари.

„Во оваа мала сала што ги собра сите млади на АА, зборуваше нивниот лидер Зијадин Села, но за време на неговиот говор, половина од салата се испразни, некои излегоа предвреме, а некои во ходниците. Сè уште е мистерија зошто овие млади не го слушаа говорот на својот лидер Зијадин Села, кој, како што велат младите од АА, ќе ја донесе победата на 12 април на овие избори. Инаку, АА на Села, како да се плаши да се кандидира сама на овие избори, продолжува да бара албанска партија од опозицијата за да соработува против ДУИ на Али Ахмети“, се вели во текстот што го разгледуваме.

Во потрага по веста, се губите во текстот


Авторот на почетокот на текстот кажува како се одвивал партискиот конгрес, а потоа продолжил со тоа што исто така беше и главната цел на овој настан, изборот на претседателот на младите на партијата. Во третиот дел од текстот авторот се повикува на тоа што го рекол во насловот, со што манипулацијата е помалку очигледна, додека на крајот на текстот тој хипотетички зборува за „страв“ на лидерот на партијата придружувајќи го со многубројни коментари. Авторот си дава за право да коментира за можностите за коалицирање на оваа партија со другите партии, секогаш хипотетички, без да ги заснова на факти.

Да се прави професионално растојание од политичките субјекти

Авторот, за да ги постигне своите цели, не одржува одредено емоционално растојание од настаните и сопствените ставови и не покажува дека сè што тој пишува мора да се базира на аргументи.

Коментарот треба да биде јасно одвоен од известувањето – е прилично јасно правило во Етичкиот кодекс и во земјата и во светот на професионалното новинарство, но има плус уште едно етичко правило.

ЕТИЧКИ КОДЕКС

„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти.”

 Селективни докази и негрижа за основните податоци

Авторот користи аргументи што поддржуваат тврдење и во исто време игнорира аргументи против тоа. Додека ги запоставува основните податоци, авторот оценува врз основа на селективни податоци, без оглед на основните податоци за случајот.

Треба да цените само откако ќе видите од сите агли

Читатели, кога ќе откриете дека во еден текст некои информации се занемаруваат, знајте дека се работи за криење информација, која може да се искористи за погрешно претставување на вистината, за пропагирање, за да му наштети некому или на одреден субјект. Ако наидете на текст на кој му недостасува вклученост на сите страни во приказната, игнорирајте го, зашто  се обидуваат да ве изманипулираат.