Техничката влада или поинаку позната како влада од форматот Пржино треба да се формира на 3 јануари, точно 100 дена пред предвремените парламентарни избори, за кои партиите се согласија да се одржат на 12 април 2020 година. Кој ќе ја води оваа влада со состав измешан од власта и опозицијата, сè уште не е познато. Веста што ја разгледуваме се отфрла сè додека навистина нешто не е „бетонирано“
Линк до оригиналниот напис: „Се бетонира“ веста на ’Журнал‘/Оливер Спасовски технички премиер “Betonohet” lajmi ZHURNAL-it / Oliver Spasovki kryeministër teknik
Датум и време на објавување: 20.11.2019
Датум на рецензија: 21.11.2019
Рецензира: Фатлуме Дервиши
Како произлезе информацијата?
Некаде помеѓу 17 и 18 октомври, како што стана повеќе од јасно дека земјата нема да добие датум за почнување преговори за членство со Европската Унија, во јавноста излегоа гласините за очекуваната оставка на премиерот Зоран Заев и можноста за организирање нови избори. Дури произлегоа некои имиња од редовите на функционерите на СДСМ што би можеле да дојдат на функцијата технички премиер. Меѓу нив беше и името на сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Запрашан да го потврди името, Заев, по донесената одлука за избори изјави дека е логично за името на Спасовски да се зборува, но дека сè уште нема одлука.
„Сите споменуваат дека еден министер треба да се повлече, а уште еден друг покрај него. Тој што ќе се повлече е долго време во СДСМ и логично е, како што спомнувате и вие. Но, навистина не сме размислувале за тоа, иако се споменуваат и други имиња од СДСМ“, одговори Заев на прашањето.
Самиот Спасовски досега негирал каква било одлука за ова прашање.
„Сите прашања поврзани со техничката влада, техничкиот премиер и сè друго ќе ги решат премиерот и партиските органи. Не сакам да шпекулирам. Кога ќе дојде време, одлуките ќе бидат донесени и објавени“, изјави Спасовски за медиумите.
Веста „се бетонира“ кога се официјализира
Во насловот, но и во текстот, веста се „продава“ како завршена работа. Особено употребата на зборот „бетониран“ остава впечаток дека станува збор за конечна и официјална одлука. Во меѓувреме, при анализирање на текстот и изворите на информации, сфаќаме дека станува збор за неизвесна информација, од анонимни внатрешни извори.
„Новинската агенција ’Журнал‘ пред извесно време напиша дека во техничката влада за технички премиер ќе биде назначен министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес и за ’Сител‘ го потврди истото“, пишува „Журнал.мк“.
Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде технички премиер од 3 јануари, пишува „Сител“, повикувајќи се на извори блиски до „Бихаќка“, се вели во веста што ја разгледуваме.
Но, „Сител“ во својот текст појасни дека е одлука што, според нивните информации, мора да помине низ уште неколку фази сè додека не биде конечна.
„Одлуката Спасовски да биде технички премиер, сепак, треба да помине низ партиските органи на ’Бихаќка’, што според наши извори ќе биде само формалност“ – пишува во текстот на „Сител“ на кој се повикуваат вестите што ги разгледуваме.
Техники за манипулација
Авторот својата информација ја заснова на веројатноста нешто вакво да се случи, но ја пренел како да е завршена работа. Исто така, авторот не ги спомнал сегашните ставови на Заев, но и на самиот Спасовски, за ова.
Значи на текстот му недостасува спротивен аргумент, кој би го алармирал читателот дека информацијата треба да се земе со одредена резерва, бидејќи не е официјална.
За читателите
За неколку недели, веднаш штом ќе почнат преговорите за составот на Техничката влада, името на Спасовски може, но и не мора да биде потврдено, како лице што ќе му претходи на новиот состав на кабинетот. Во моментот, информацијата останува неофицијална и им се припишува на анонимни извори, кои секогаш имаат резервна доза што се однесува на сигурноста или доверливоста. Затоа е важно веста да не се пренесува како „бетонирана“ и дополнета со неофицијални информации добиени при обидот на новинарот да ја потврди официјално.