Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Едукативни написи

Пет примери за стереотипен и дискриминаторски третман на жените во медиумите

Улогата на медиумите во подигањето на свеста за родовите прашања е особено значајна, пишува во Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година, што Собранието го усвои на седницата одржана на 15.1.2019 година. Но, во содржините на медиумите изминатите години многу малку се сретнуваа написи кои ја подигаат свеста кај граѓаните за родовите прашања во правец на полова рамноправност и надминување на стереотипите за жените и мажите

„Мајка“ и „татко“ се единствените родителски одредници во македонските закони

Откако јавноста беше погрешно информирана, од Министерство за труд и социјална политика излегоа со демант. Но, веќе стопати повторената дезинформација (посебно на социјалните мрежи) стана вистина. Одредбата која, исто така, подлежеше на манипулации, односно дефиницијата за бракот, е утврдена во Законот за семејство, и таму нема промени за ова прашање. Останува дека „бракот е заедница меѓу маж и жена”

„Јутјуб“ оневозможува „антиваксер“ содржините да заработуваат од реклами

По написите на информативниот портал „Базфид“, „ЈуТјуб“ за првпат и официјално објави дека ќе спречи пуштање реклами покрај содржини против имунизацијата, експлицитно истакнувајќи дека таквите содржини отсега ќе потпаѓаат под нивната политика која забранува монетизација на видео клипови со „опасна и штетна“ содржина

Не смее да се лицитира со бројот на жртвите во сообраќајката кај Ласкарци

Фото: Борче Поповски Трагичната несреќа, кога автобус излета од автопатот Скопје – Тетово при што загинаа 14 лица, беше шок и за јавноста и за новинарите што известуваа.  Во многубројните медиумски извештаи поврзани со сообраќајката беа...
Фото: Борче Поповски

Известување при несреќи – факти, а не емоции

Фото: Борче Поповски Како да се направи баланс при известување од несреќи за во исто време да се задоволи јавниот интерес, да се обезбеди точна информација ослободена од сензационализам и шпекулации, а притоа да се...