Проектот „Критинк“ ве поканува на вебинарот „Борба против говорот на омраза на социјалните мрежи“, кој ќе се одржи на 29 октомври (вторник), од 11 часот како дел од Деновите на медиумската писменост.
Учесниците ќе стекнат знаења за основите на борбата против говорот на омраза на социјалните мрежи како дел од пошироката медиумска сцена.
Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација преку следниот линк:
https://register.gotowebinar.com/register/3202172987243857164
Агенда
- Говорот на омраза како спротивност на слободата на изразување – основни поими
- Говорот на омраза е кривично дело – законски рамки за заштита
- Примери на говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи
- Форми за борба против говорот на омраза на социјалните мрежи (упатства)
- Дискусија со прашања од учесниците и предлог-решенија
Предавачи
– Филип Стојановски, експерт за ИКТ и раководител на проектот „Критинк“
– Владимир Петрески, уредник на веб-страницата „Критинк“ и експерт за проверка на факти
Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е спроведуван од „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Повеќе информации за сите настани од Деновите на медиумската писменост се достапни на веб-страницатана Мрежата за медиумска писменост mediumskapismenost.mk.