Проектот „Критинк“ Ве поканува на отворената обука со претставници на граѓанскиот сектор, која ќе се одржи на 30 октомври (среда), од 11 до 16 часот во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, како дел од Деновите на медиумската писменост.
Обуката е конципирана како серија од четири автономни сесии, што значи учесниците може да учествуваат или на сите или само на некои од нив – по избор. Секоја сесија е со времетраење од 1 час и се состои од презентација, интерактивен дел и пауза. За следење на сесиите не се потребни предзнаења од областа.
Учеството е отворено и бесплатно, со претходна најава по е-пошта (povik@crithink.mk) или на настанот на „Фејсбук“ (facebook.com/events/407255826868670).
Агенда за отворената обука на 30 октомври
Термин | Тема |
11:00-12:00 | Основни на медиумската писменост и состојбите во формалното и неформалното образование |
12:00-13:00 | Критичко мислење во дигиталната сфера |
13:00-14:00 | Препознавање дезинформации и методологија за проверка на факти од медиумите |
14:00-15:00 | Борба против говорот на омраза |
15:00-16:00 | Простор за дискусија со експерти |
Локација: Граѓански ресурсен центар (rcgo.mk),
бул. Кирил и Методиј бр. 50, реон 7 1000 Скопје
Работен јазик: македонски
Содржината на обуката ќе се заснова на прирачникот за неформално образование „Со критичко мислење до разобличување на дезинформации“ и материјалите од е-библиотеката на „КриТинк“.
Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е спроведуван од „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Повеќе информации за сите настани од Деновите на медиумската писменост“ се достапни на веб-страницата на Мрежата за медиумска писменост mediumskapismenost.mk.