Примерите за дезинформации од оваа недела нудат „360 степени“ преглед на темите поврзани со Русија и СССР. Таму каде што извинувањето би било соодветно, нема каење од нивна страна, туку само обвинувања, пишва „Еувсдисинфо“.
Јасен пример за ова е труењето на рускиот опозициски политичарт Алексеј Навални. Про-Кремљ медиумите пишуваат дека Германија ја прекршила Конвенцијата за хемиско оружје одбивајќи да соработува со Русија. Со други зборови, Навални не е жртва, тука Русија!
Што се однесува до трагедијата во МХ17, про-Кремљ медиумите се жалат дека целта на судењето не е да се осудат вистинските виновници. Ова тврдење покажува дека наспроти тоа што се убиени 298 лица, во очите на про-Кремљ медиумите постои само една жртва – Русија.
Истата логика се применуваше и се применува и на Украина. Наместо да признаат дека Холодомор е предизвикан од смислено, тенденциозно дејствување на советските власти, про-Кремљ медиумите ги обвинуваат Украинците за создавање „возбуда“ на оваа тема. Тоа значи дека 7 милиони луѓе не умреле од глад, за про-Кремљ медиуми претпоставувате… Русија е жртва.
Од прегледот на горенаведените примери за дезинформации произлегува дека нивната главна идеја е да докажат дека Русија е жртва, со што, пак, се имплицира дека не може да биде виновник. Оваа самовиктимизација му овозможува на Кремљ да манипулира со јавноста, да ја избегне одговорноста за својата агресивна надворешна политика и да ги употреби медиумите контролирани од државата да ја пренесат таа порака. За да бидат успешни во тоа, „раководството на Руската новинска мрежа „Раша тудеј“ (РТ)“ на странските новинари што работат во РТ Велика Британија и РТ Америка им ја всади сликата дека Русија е жртва на западната политика.