Известувањето за насилството врз медицинските лица не треба да биде поттикнувачко

За насилството врз здравствените работници треба професионално да се известува, затоа што наместо да ги едуцираме луѓето, можеме да ги стимулираме да постапуваат слично. Затоа, медиумите никогаш не треба да го забораваат клучниот елемент – дека известувањето за девијантни појави од таков тип треба да биде внимателно и со фокус како тие да се спречат 

 

Од Фатбарда Цури

Медиумите во Северна Македонија со недели објавуваа случаи на вербални и физички напади врз здравствените работници, што резултира со предупредувачки протест доколку не се спречат нападите на медицинските работници. Она што е впечатливо е непрофесионалното известување за оваа девијантна појава од дел од медиумите. Известувањето за насилство под лупата на стереотипи и стимулирања, не е професионално новинарство, се оценува и во Прирачникот објавен од неколку невладини организации, Институтот за човекови права и Здружението за развој „Центар за управување со промени“.

„Новинарство што со злоупотреба на постојните стереотипи и со создавање нови стереотипи ги стимулира нетрпеливоста, ксенофобијата, шовинизмот и насилството, не е професионално истражувачко новинарство“, се вели во прирачникот.

Освен тоа, медиумите треба да бидат свесни дека честото известување за случаи на насилство врз лекарите, *се додека тие не известуваат критички за негативниот феномен, ја зголемува веројатноста случајот да се повтори.

Според извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО), кој се занимава со случаите на самоубиство – насилство, се вели дека известувањето на медиумите за тоа како е извршено тој чин, или во нашиот случај како докторот можеби бил нападнат, придонел за имитирање на однесувањето од други граѓани, поттикнати од известувањата на медиумите.

Затоа се препорачува понатаму да не се известува детаљно за начинот како се случила девијантната појава.

„Кога на некое лице му се раскажува сторијата, ако читателот или гледачот се слични на некој начин, децата и лицата што се наоѓаат во одредена психопатолошка состојба може да бидат подложни на вмешаност во овие ситуации“, се наведува, меѓу другото, во извештајот на СЗО.

Сите го осудија насилството, никој не даде пример како да се спречи

Известувањето за нападите кон лекарите беше еднострано, бидејќи целиот фокус беше ставен во деталите и причините, а никој не се осврна на последиците или причинителот и како таквото однесување да се спречи. Ова е во спротивност и со Етичкиот кодекс на новинарите и со горенаведениот прирачник.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда“, стои во Етичкиот кодекс на новинарите.

Ваквото новинарство не е ниту новинарство, бидејќи не ги исполнува ниту основните критериуми: информациите од изворот до читателот, слушателот или гледачот треба да се аргументирани“, се наведува во прирачникот.

Елемент што не е во прилог на професионално известување за насилството врз лекарите е моментот кога сите страни засегнати од споменатиот проблем го осудија чинот на насилство, а не предложија решение за проблемот. Тоа создава услови овој феномен да продолжи да биде присутен меѓу нас. Дури и тие неколку медиуми што во насловот ставија „Како да се спречи насилството врз лекарите“, содржат само осуда и воопшто немаат совети.

„Како да се сопре насилството кон лекарите?“, пишува „Канал 5“.
„Како да се спречи насилството во болниците – надлежните бараат одговор“, информира „Телма“.

Требаше да се известува за причините

Од ова ситуација, сфативме дека причина за насилството е незадоволството од здравствениот систем. Ова го истакна и членот на Здружението на специјалисти и млади лекари, Ненад Лазаров, на протестот со кој се изрази револт за насилството кон лекарите.

Во последните 30 години, свесното и несвесно уништување на здравствениот систем го достигна својот врв. Ние сме близу до колапс на здравствениот систем. Револтот на граѓаните се зголеми и затоа се случуваат овие сеприсутни инциденти“, рече Лазаров.

Причини за нападите кон лекарите се дефектите во системот, оцени и лекарот Беким Татеши.

Не само во Македонија, насилството и во другите земји е последица на дефектите во едно општество и можам да кажам дека тоа доаѓа од погрешни здравствени политики“, рече Татеши.

Затоа, медиумите секогаш треба да имаат предвид дека ако одлучат да известуваат за насилство, тие мора да се фокусираат повеќе и како да го спречат тоа.