[Рецензија: Охрид скај: Охридски општински авантуризам – Геј парада не напрајвте легална, терајте супер е вака, се е добро кога ќе проработи ТХЦ. Дојде живот за будалии!]
*Текстот што е предмет на оваа рецензија е полн со произволни коментари, за кои авторот си замислил дека претставуваат анализа на актуелната летна туристичка сезона. Тој посочува со прст кон општинското раководство и музичките менаџери, кои го урнисале мирниот и тивок град, лулка на културата, и го наполниле со малолетни уживатели на дрога без никакви конкретни показатели за криминал или подрастични нарушувања на јавниот ред и мир. Ниту, пак, има компаративни показатели колку туристи имало минатите години во „мирниот“ Охрид, а колку денес во балканската „Содома и Гомора“?
Линк до оригиналниот напис: ОХРИДСКИ ОПШТИНСКИ АВАНТУРИЗАМ – Геј парада не напрајвте легална, терајте супер е вака, се е добро кога ќе проработи ТХЦ.Дојде живот за будалии!
Датум и време на објавување: 5.8.2018
Датум на рецензирање: 6.8.2018
Рецензент: Стојан Синадинов
НЕПИСМЕНО ЗА ПИСМЕНОСТА
Глупавата туристичка стратегија , го уништи Охрид од картата на атрактивни туристички дестинации.Градот на Сесловенската писменост,балканскиот Ерусалим,наместо да понуди писменост ,култура,мир, црковен туризам , одбра да даде понуда на развој на наркоманијата,алхохолизмот, и развој на продажба на бели пецива.
Од некогаш мирен туристичко-културен центар , Охрид сега наликува како на лулка на бездомници.Млади деца од 14 години па нагоре , спијат по училишните дворови, парковите,по улиците,плажите!некој доколку се праша дали Охрид има туризам ?, да ,одговорот е едноставен ,секс, дрога,техно забави и целокупната култура ни замнина во мајчина.
Кога ќе се почне ламент за некогаш значајниот град како лулка на сесловенската писменост, Ерусалим на Балканот и останатото од арсеналот на некаков замислен концепт на културен и верски туризам, а притоа нема, буквално, ниту една единствена реченица без правописна или синтаксичка грешка, на авторот на текстот не му преостанува ништо друго освен да продолжи во тој стил и, евентуално, да ги најде „виновниците“ за таа „катастрофа“.
Авторот на текстот посредно наведува дека новата општинска администрација со новата туристичка политика го уништува градот. Од друга страна, пак, во устата на еден од музичките менаџери, Бобан Милошевски од „Авалон продукција“, ги става зборовите дека Охрид треба да се одлучи за некои нови стандарди во туризмот:
Пред почетокот на Охрид Колинг , на заедничката пресс конференција на градоначалникот на Охрид Стојаноски , со сопственикот на Авалон Бобан Милошевски, Милошевски пред новинарите ќе истакне :
„ Носиме врвни диџеи во Охрид, граѓаните треба да бидат трпеливи тие неколку дена , зошто Охрид ќе влезе на картата на врвни туристички места за забава за млади.Охрид треба да се определи каков туризам сака , дали сака Геј туризам,туризам за млади итн…“ќе истакне Милошевски на прес конференцијата!
Меѓутоа, текстот нема извори со кои можат да се потврдат овие цитати. Напротив, сите извештаи достапни на интернет со одгласите од прес-конференцијата на охридскиот градоначалник Јован Стојановски и менаџерот Милошевски (главно преземени од агенциската вест на МИА) го велат спротивното. Дури и видеото од прес-конференцијата го потврдува тоа:
ДОСЛЕДНОСТ ВО ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА
Дисквалификацијата на ЛГБТ-групите, се чини, кај овој автор е стандардна постапка:
Што се однесува до Геј туризмот ,не сме така далеку ,за тоа ни е задолжен Бокица 13-ка ,вени сечат охриѓани по такви како нив , дури и ремонт ќе се прави можеби и на патронот на градот Свети Климент?!
Во целиот дискриминирачки текст авторот дури не нашол за сходно непознатата кратенка ТХЦ (хемиска состојка во марихуаната, одговорна за наркотичниот ефект што го поседува ова растение) да им ја објасни и направи „подостапна“ на читателите, на чии кликови со неговите сензационалистички наслови и содржини претендира:
Дечки ,ајде бре уште Геј парада не напрајвте легална , терајте супер е вака , се е добро кога ќе проработи ТХЦ.Дојде живот за будалии!!
Текстот содржи клевета и навреда, дискриминациски говор, па дури и говор на омраза кон одредени социјални групи. Ако општинските власти го послушаат апелот на авторот, самонаречен туристички стратег, Охрид и навистина може да се врати во 19 век…
*Напомена: извадоците цитирани од рецензираниот текст овде се пренесени во оригинал и без никакви уреднички интервенции, значи сосе сите грешки и од граматичка и од секаква друга природа.