[Рецензија – Зекири: Еве кој го брани Али Ахмети: Zekiri: Ja kush e mbron Ali Ahmetin]
Брзањето при објавување написи за добивање што повеќе кликови и, уште полошо, нечитањето на тоа што е објавено може да доведе до пропусти од страна на авторот, што предизвикува читателот да биде неинформиран или наместо информација, да добие дезинформација. Текстот што го разгледуваме има таков пропуст.
Линк до написот: Зекири: Еве кој го брани Али Ахмети: Zekiri: Ja kush e mbron Ali Ahmetin
Датум на објавување: 20.9.2019
Датум на рецензија: 23.9.19
Рецензира: Ајнур Бафќари
ЧИЈА Е ОВАА ИЗЈАВА?!
Во овој напис авторот не нашол време или немал желба да го прегледа за да види дали сè што напишал е во ред, што резултирало со напис што само го збунува читателот и не дава соодветни информации. Сликата и содржината зборуваат за една личност, а на крајот цитатот завршува со идентитет на сосема друго лице, кое, всушност, е непознато и не се знае на кого, всушност, мислел авторот на статијата. Во насловот и во воведот се вели дека изјавата ја дал потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, а самата цитирана изјава му се припишува на „Курти“(?) со што целата вест станува комплетно збунувачка.
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, изјави дека Али Ахмети го бранат судиите избрани од Сашо Мијалков.
„Излегува Али Ахмети и ни кажува кој би нè заштитил нас доколку би биле вклучени во криминал. Како кој би ги заштитил? Истите тие судии што ги поставивте со Сашо Мијалков и Блерим Беџети, изјави Курти во интервју за Прес24. (ИНА)“, пишува во текстот што го рецензираме.
ТЕКСТ БЕЗ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, БЕЗ ИНФОРМАЦИИ, БЕЗ ДЕТАЛИ Е ЕДНАКОВ НА ПРАЗЕН ТЕКСТ!
Авторот на текстот не дава јасно и прецизно име и презиме. Тој не се обидел да достави повеќе детали и да го разјасни контекстот со повеќе информации. Тој не објаснува зошто информацијата дадена од овој пратеник е важна и не ја поврзал веста со хиперлинк кој би водел до оригиналното интервју.
Сè што му се сервира на читателот е текст со лошо дадена изјава и во име на друго лице.
КОНЦЕПТОТ НА МАНИПУЛАЦИЈАТА „ПОВИК НА АВТОРИТЕТ“
Авторот го користи концептот на манипулација што е афинитет да се опише нешто како точно, само затоа што го кажува лице за кое се цени дека има авторитет за некое прашање. Во овој случај, само зашто Зекири (да претпоставиме дека тој го вели тоа) го вели тоа, авторот на написот го зема здраво за готово.
ИЛИ ПРОНАЈДЕТЕ ТОЧНА ВЕСТ ИЛИ НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ВООПШТО!
Ако еден напис Ве заинтригира преку насловот и потоа ве збунува, побарајте ги страниците што Ве носат до оригиналното интервју или изјава, бидејќи ова е единствениот начин да бидете точно информирани за тоа што е кажано во таквата изјава. Ако не го најдете линкот, обидете се да пронајдете нешто поврзано со темата во други, посигурни медиуми. Во спротивно, игнорирајте го таквиот напис без да го преоптоварувате мозокот да дешифрирате нешто што е бесмислено.