Кршењето на изборниот молк е неетичко постапување на медиумите

 

За време на изборниот молк се информира за изборите и за текот на изборите, но се прекинуваат сите форми на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања. Но не ја почитуваат сите оваа законска обврска

 

Од: Ајнур Бафќари

За време на спроведувањето на изборите и ден пред изборите, медиумите мора да го почитуваат изборниот молк. Изборниот молк стапува во сила пред денот на изборите (сабота), односно на полноќ помеѓу петок и сабота, кога и всушност завршува изборната кампања. Иборниот молк трае до 19 часот на денот на изборите (недела). Ова значи дека строго се забранети пропагандата, партиската агитација, давањето мито на гласачите, кампањи и други прекршувања на Изборниот законик.

За време на изборниот молк се информира за изборите и за текот на изборите, но се прекинуваат сите форми на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Член 76-б

„(3) При известувањето за време на изборниот молк како повреда на изборниот молк се оценува пренесувањето информации од кој било вид, фотографии, аудио и аудиовизуелен материјал поврзан со изборите или со кој партиите учествувале на изборите, каква било форма на медиумско известување која е во отворена или тајна функција на која било изборна кампања и која може да влијае врз одлуките на гласачите, податоци што го откриваат идентитетот на политичките субјекти или поединците вклучени во инциденти или други нерегуларности на денот на изборите, како и номинација од кандидати во изборниот процес од претставници на политички партии и од носители на функции во владините тела.“

Медиумски парадокс, делумен изборен молк!

Некои од медиумите во Северна Македонија се придржуваат кон Изборниот законик и во текот на овој период се обидуваат да не направат прекршоци. Од друга страна, има електронски медиуми (портали), кои не се регулирани со закон и не се опфатени со овие правила. Има случаи кога некој медиум, иако го почитува Изборниот законик додека емитува на телевизија, го крши Кодексот на својата веб-страница и таму ги објавува забранетите работи споменати погоре.

Во конкретниот случај го имаме националниот медиум „Алсат“, кој за време на изборниот молк при емитување на телевизија во првиот круг на изборите го почитуваше Изборниот законик, а истата медиумска куќа го прекрши етичкиот кодекс на својата веб-страница.

Следува пример кога на денот на изборите засегнатиот медиум на својата веб-страница емитуваше изјави на кандидати во изборниот процес, претставници на политичките партии и носители на функции во државните органи.

Линк до написот: Пендаровски: Очекуваме избори кои доликуваат на една демократска држава (видео)

Повреда на изборниот молк

Додека порталите, со оглед на фактот дека се оставени да се саморегулираат, воопшто не го почитуваа изборниот молк, еве неколку други примери.

Линк до написот: Силјановска-Давкова: Да покажеме европски капацитет

Линк до написот: Изјава на кандидатот за претседател Блерим Река

Кога новинарите не го почитуваат Кодексот за етика?

Улогата на новинарите е да пренесуваат информации, притоа почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди при пренесувањето на информациите. Затоа, засегнатите медиуми, непочитувајќи го изборниот молк, го прекршиле етичкиот кодекс, затоа што ако за некои медиуми нешто е забрането со закон, не може истото да не важи и за други медиуми. Не е колегијално, ниту професионално да не се почитува изборниот молк или  да се почитува делумно. Тогаш медиумите стануваат лицемерни во борбата за гледаност, но во исто време не се залагаат за квалитет.