Македонскиот институт за медиуми доделува грантови за медиумска писменост

Македонскиот институт за медиуми објави повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) со цел градење на нивните капацитети за промовирање на политиките и практиките поврзани со медиумската и информациската писменост на локално ниво. Крајниот рок за поднесување предлог-проекти е 4.10.2019.

Информативната сесија за овој повик ќе се одржи на 12.9.2019 (четврток) во 11 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје (ул. Кирил и Методиј, бр. 50, во близина на канцелариите на Делегацијата на ЕУ). Презентацијата од информативната сесија ќе биде објавена на веб-страницата на МИМ.

Сите информации поврзани со повикот може да ги погледнете на следниот линк.