Манипулација со немедицински шприцови фрла сомнеж врз процесот на вакцинација

Screenshot nga videoja që qarkullon në rrjetet sociale

На социјалните мрежи кружи видео во кое се тврди дека е прикажан доказ за лажниот начин на вакцинација. Но, на видеото јасно се гледа дека овој тип на шприц воопшто не личи на медицински шприц. Иглата е многу дебела и се гледа дека воопшто не може да навлезе во кожата. Оригиналното видео беше објавенона „Јутјуб“, на 11 февруари 2021 година, од Crimson Hands FX,  компанија со седиште во Флорида, која произведува опрема и разни реквизити за филмови. Манипулацијата се прави во време кога населението треба да се вакцинира против ковид-19, а со цел да се предизвика недоверба во процесот на вакцинација.

Скриншот од видеото кое кружи на социјалните мрежи

Линк до оригиналниот напис: Медиумски игли користени пред медиуми за манипулирање со луѓето!

Датум на објавување: 21.3.2021

Датум на рецензија: 3.4. 2021

Рецензент: Наиле Даути

 

Се работи за „трик-шприц“ 

Шприцот, всушност, е таканаречен „трик-шприц“. Воопшто не се работи за медицински шприц, а споделувањето на видеото и описот што му е даден има цел да изманипулира дека „оние што се вакцинираат само оставаат впечаток дека добиваат вакцина, бидејќи течноста не влегува во телото”. Но, овој тип на шприц е едноставно „уред“, кој може да се користи за одредени видеа и истите ги продава американската компанија Crimson Hands FX, заедно со други производи. Значи, вистинскиот автор кој го објавил видеото имал цел да го рекламира овој производ којшто е наменет за областа на уметноста.

Како овој шприц стана извор на теории на заговор

Ова видео првично беше поставено на „Јутјуб“, на 11 февруари од страна на гореспоменатата компанија (Crimson Hands FX). Во меѓувреме, ова видео почна да се споделува на социјалните мрежи во повеќе земји во светот. На 9 март, едно лице по име Мамука Кобаладзе го објави на својот профил на „Фејсбук“.

Во прилог на видеото, авторот на објавата пишува: „Не мислам дека има потреба од појаснување, веројатно и вие самите го разбирате тоа“. А подолу во коментарот тој вели: „Лажен шприц што го користат богати и високи функционери за да ги измамат луѓето“. Овој пост е споделен речиси 70 пати.

Неодамна ова видео стана вирално и на страниците на „Фејсбук“ на албански јазик. На една страница на „Фејсбук“ видеото е објавено на 21 март, со наслов: „Медиумски игли користени пред медиуми за манипулирање со луѓето!“ и истото е споделено 180 пати, содржи 20 коментари и 226 реакци.

Концептите за манипулација

Авторите што го споделиле ова видео, свесно или несвесно, направиле низа манипулации, тука ги издвоивме двете најистакнати, за кои повеќе можете да дознаете во Прирачникот на „Критинк“. Манипулацијата се прави во време кога населението треба да се вакцинира против смртоносниот вирус на ковид-19 со цел да се предизвика недоверба во процесот на вакцинација.

Селективни докази – Во овој случај, со самото споделување на видеото, се гледа намерата да се кажуваат фактите што одат во прилог на тврдењето од видеото и истовремено да се игнорираат фактите што се против тоа тврдење. И покрај фактот дека лесно може да се идентификува оти станува збор за „трик-шприцови“, сепак ова е претставено како доказ.

Кружно расудување –  Споделувачите на ова видео имаат намера да ја докажат вистинитоста на тврдењето под претпоставка дека истото е веродостојно, односно, дека лица на високи позиции, всушност, не примаат вакцини, туку само ја залажуваат јавноста.

За читателите:

Погледнете внимателно и ќе разберете дека шприцот што го гледате на видеото нема никаква врска со медицинскиот шприц. Не може секое видео коешто кружи на интернет да се земе како веродостојно, затоа проверете ги информациите коишто ги гледате. Пред да ги земете „здраво за готово“ работите што ги читате низ интернет, обидете се да ја проверите нивната точност.