Манипулација со старо видео со конспиративна содржина

На социјалните мрежи и на некои портали многу често гледаме дезинформации. Понекогаш самите наслови на одредени текстови збунуваат една група читатели, а друга, пак, ја иритираат, што се потврдува со коментарите добиени како „повратна информација“.  Одредени медиуми, во отсуство на оригинални информации, честопати сервираат и текстови со теории на заговор, издвојуваат митолошки фигури, злоупотребуваат видеа и сeтo тоа го сервираат како информација.

Fotografi nga teksti që e recesojmë
Слика од текстот што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Група сирени им се приближи на луѓето. Слики што го шокираат светот / ВИДЕО

Датум на објавување: 16.1.2021

Датум на рецензија: 23.3.2021

Рецензент: Ајнур Бафќари

Насловот на текстот што го рецензираме е еднакво манипулативен како и целата содржина на текстот. Почетокот на текстот, кој е дел преведен од аудиосодржината на видеото, појавувањето на сирените го претставува како честа појава што ја гледаме секој ден. Тој посочува дека „тие обично се гледаат релаксирајќи се на некоја карпа или покрај море“, иако тие се само митолошки фигури, ликови од бајки и се опишани само во слики, книги, филмови и слично.

Гледањето на сирените обично се прави додека луѓето се релаксираат на некоја карпа или покрај море. Многу е тешко да се видат како пливаат. Ова видео доловува една сирена додека плива меѓу брановите. Иако видеото не е многу долго, квалитетот е доволно добар за да го гледате суштеството – се вели во текстот.

Што е сирена и што го прави овој текст невистинит?

Тоа е водно суштество од легендите, со горниот дел од телото на жена и опашка на риба. Создавачот на видеото го објавил истото во 2017 година, додека во овој текст е претставено како „вест“ неколку години подоцна. Првично на видеото објавено пред неколку години, се тврди дека „5 вистински сирени“ се фатени со камера, а во текстот што го рецензираме, тоа не е прикажано така. Значи, освен што содржината на двата текста не соодветствува на реалноста, тие не соодветствуваат ниту една со друга.

Манипулација наречена „теорија на заговор“

И авторот на видеото и авторот на текстот се повикуваат на теорија на заговор, која пак, има цел да ги анализира реалноста и историските факти за некоја појава/настан којашто од одредени причини се чува во голема тајност. Теориите на заговор содржат тврдења што сугерираат факти и мотиви спротивно на тоа што се смета за еден историски или природен настан.

Кои се факторите врз кои се темели една теорија на заговор?

Авторите на видеото и текстот, почнувајќи од теоријата на заговор, се базираат на ограничени кружни докази, во овој случај на некои легенди. Тие се осврнуваат на настан што имал емотивно влијание врз грчката митологија и, како што е наведено во видеото, тие го отфрлаат фактот дека „сирените не постојат“ тврдејќи дека тие се вистински, па дури и „фатени од камерите“… Теоријата на заговор што се користи во овој случај се заснова на визуелна манипулација, измешана со митологија.

Теориите на заговор обично не уживаат вистински кредибилитет кај експертската јавност

Текстовите со ваква содржина најчесто нудат неколку можни опции за тоа што можело да се случи во даден настан, но тие речиси никогаш не нудат факти со кои можат да ги потврдат своите тврдења.