Медиум што пласира непотврдена информација е сомнителен извор

Илустрација

„Неофицијалните информации“ медиумите можат да ги користат кога сакаат да пренесат информација што не е јавно изнесена, има докази дека се случило и го обезбедиле ова преку други канали. Но, кога информацијата открива скандал, медиумот  треба да ги објавува фактите и да не се потпира само на зборови

 

Fol.mk: Skandal në Ansamblin Shtetërorë Shqiptar të RMV
Фол.мк: Скандал во албанскиот државен ансамбл на РСМ

Линк до оригиналниот напис: „Скандал во албанскиот државен ансамбл на РСМ“ “Skandal në Ansamblin Shtetërorë Shqiptar të RMV”

Датум на објавување: 13.1.2020

Датум на рецензија: 19.1.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Бомбастичен наслов

„Скандал во албанскиот државен ансамбл на РСМ“, се наведува во насловот на написот што го разгледуваме. Насловот е бомбастичен, бидејќи го содржи зборот „скандал“, кој од медиумот се употребува за привлекување на јавноста и ја истакнува важноста на статијата. Затоа и ја отворивме статијата.

Скандал со селективни докази

Написот започнува со фразата „според неофицијални информации“. Но, и покрај фактот што овие извори се дозволени во медиумите, повторно, кога станува збор за скандал, треба да се обидат да го потврдат, што во случајот со написот би можеле да бидат документи или одлуки што би го имале печатот на Ансамблот или на Министерството за култура.

Оттука, може да се каже дека медиумот го користел концептот за манипулација „Селективен доказ“, бидејќи има тенденција да покаже факти што поддржуваат едно тврдење и во исто време игнорира факти што се против. Во овој случај, медиумот избрал да се потпира на „неофицијални информации“ и дури не се обидел да земе став од страните. Во написот се вели дека тоа ќе се направи во иднина.

„Во наредните денови ќе се обидеме да контактираме со одговорните, кои треба да објаснат како оваа културна институција успеа да ги изгуби сите вработувања и кои ќе бидат следните правни чекори за надминување на овој скандал“, стои во написот што го разгледуваме.

Наместо да се потврди, веста е избришана!

По некое време се навративме на медиумот за проверка што направиле и наместо да наидеме на повратна или проверена информација, написот беше избришан од адресата „Журнал.мк“. Ова може да се види од фактот дека линкот од написот постои (https://zhurnal.mk/zhurnal-zbulon-skandalin-ne-ansamblin-shteterore-shqiptar-te-rmv/). Други медиуми, како што е случајот со „Фол.мк“, решија да го следат скандалот, а написот сè уште стои.

Zhurnal: Skandal në Ansamblin Shtetërorë Shqiptar të RMV
Избришаниот напис

Оттука сметаме дека медиумот го прекршил основниот принцип на Кодексот на етиката за новинарите, во кој, меѓу другото, се вели: „Доколку информацијата не може да се потврди или ако станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе“.

За читателите: Следете ги изворите, од кој вид се

Водени од написот што го разгледавме, веруваме дека покрај медиумите, и вие како читатели треба да ги следите изворите што ги користат медиумите. Оттука, треба сами да процените дали изворите што се користат во медиумите ги потврдуваат или ги демантираат информациите. Ако има скандал, тој мора да биде документиран или фотографиран и да се земе став од страните, во спротивно, нема да биде веродостојна информација.