Методи за ширење на медиумската писменост и критичко размислување на Меѓународната конференција „Е-општество.мк-отворени институции и отчетност“

Во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, на 27 и 28 ноември, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи 15-тата Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“.

Во рамките на програмата на конференцијата, на 27 ноември од 10.30- до 2.30 часот ќе се одржи паралелната панел-работилница со работен наслов „Методи на ширење на медиумската писменост и критичко размислување“. Ефективноста на методите, пристапите и алатките во ширењето на медиумската писменост како и потребата за нивна надградба, размената на искуства, знаења и идеи ќе бидат примарните теми на панел-работилницата, која е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.