Во пост, кој вклучува и скандалозно видео на италијански јазик, на кое се гледаат простории полни со кукли со човечки ликови, лажно, манипулативно и комплетно невистинито се тврди дека починатите од ковид-19 не умираат од оваа болест, туку дека се убивани со умисла, за да им бидат извадени органите. Ова тврдење е апсолутна невистина. Видеото е траорно, прекриено со глас на италијански јазик, кој репетитивно извикува дека ова е „трговија со органи“, а заслужува да биде рецензирано затоа што се споделува од страна на корисници на „Фејсбук“ кои го коментираат на македонски јазик. Исто така, сосема е за очекување дека корисниците на социјалните мрежи во Македонија можат да добијат генерална идеја за што станува збор во видеото, иако е на италијански јазик.
Според некои италијански извори, видеото првпат е објавено на 2 декември годинава.
Како што веќе утврдиле проверувачи на факти од Италија, сликите прикажани во ова видео воопшто не се за трговија со органи. Средината што е снимена на видеото не кореспондира ниту со минималните стандарди својствени за процедурите на експлантација. Исто така, оваа видеоснимка воопшто не демонстрира дека пациентите со ковид-19 се убивани за да се дојде до нивните органи.
Според италијанските проверувачи на факти, некои делови од видеото се фиктивни, извадени од видеоигра или од нискоквалитетен филм. Видеото се состои од два дела, првиот – човечки тела обесени како да се месо во ладна соба и вториот дел од видеото – структура слична на мртовечница каде што неколку тела се натрупани без почит и уште крвавејќи.
Истото видео е користено во минатото, во конверзации за човечко клонирање или тела донирани на медицинските училишта за идните лекари да ги изведуваат своите вежби.
Да се отстрани орган е комплексна операција, која дефинитивно не може да се изведе во операциона сала во визба. Клиниките во кои што се изведуваат легални трансплантации, не би го компромитирале својот легален бизнис со шверцување тела или киднапирање мажи жени или деца.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.