Написот треба да информира, заклучоците на авторот не се информации

Foto nga lajmi që recensohet

 

Претпоставки, лични заклучоци, потпирање на текст објавен на друго место, повикување на анонимни извори, коментари, пристрасност, „напад“ врз одреден политички субјект. Отворање дилеми, содржина без никаква основа, или заснована врз други написи, мешање на сето тоа, и на крајот сервирано како „вистински новинарски напис“, што не ја исполнува главната цел, информирање на читателот.

Слика од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Тоа е тоа, БЕСА се дели на два дела, од едната страна Касами, а од другата Хоџа

Датум на објавување: 1.3.2021

Датум на рецензија: 14.3.2021

Рецензент: Ајнур Бафќари

Не, нема никаква поделба на виделина! Тоа се само заклучоци на авторот        

Во текстот што го рецензираме, има сè што споменавме погоре. Авторот ја става партијата „на работ на бездната“, вели дека е пред тотален распад, се навраќа на времето на изборите, го предвидува резултатот, се повикува на извори што ги нарекува сигурни, и без да има ни изјави, ниту некој доказ, вели дека внатре во партијата има поделби. Тој ги дели пратениците во две групи, па дури зборува и за непослушност, за кое тврди дека доаѓа од министер против лидерот на партијата. Ништо од она што го напишал, авторот не го докажува со некој аргумент.

Партијата Движење БЕСА или како што сега е позната како Движење БЕСА (на македонски) е пред целосен распад. „Бидејќи оваа партија не освои повеќе од 1.000 гласови на парламентарните избори во Македонија, сега нејзините гласови ќе се преполоват или пак таа целосно ќе исчезне – се вели во текстот.

Кога е полесно да преземете сличен текст, отколку да се потрудите да направите неколку телефонски повици за потврда (официјален став)

За да му даде „тежина“ на она што го напишал во текстот, авторот вметнува дел од друг напис објавен од еден македонски медиум. Но, овој дел од текстот го прави уште понејасен начинот на којшто ќе се изврши поделбата и каде ќе бидат „насочени“ пратениците по поделбата. Хипотетички, некои пратеници еднаш преминуваат во една, а потоа во друга партија, во зависност од тоа дали авторот се повикува на сопствените извори или, пак, на оние на македонскиот портал. Зборува за чести состаноци, но не се нуди ниту една сопствена фотографија, освен скриншот од фотографијата што ја користел порталот на македонски јазик, но таа е стара фотографија, злоупотребена за манипулирање со јавноста.

Порталот на македонски јазик „Зоом.мк“ пишува дека Биљал Касами и Фадиљ Зендели се двајцата пратеници на владејачката коалиција, кои ќе се приклучат на коалицијата АА-ВМРО-ДПМНЕ за ново парламентарно мнозинство, но изворите на порталот „Шќипемедиа“ велат дека Биљал Касами во последниве денови често се состанува со претставници на ДУИ за да преговара за коалиција за локалните избори, а зошто да не и да се спаси себе си и својата политичка кариера со приклучување кон матичната партија од каде што избега – се вели во текстот.

Ако ве збунува, баталете ја!

Текстот нуди конфузија, а не информација, не е сеопфатен, нема релевантни извори за информацијата, нема соодветни слики и содржи многу коментари. Коментар има и во насловот, којшто е манипулативен. Но, подолу во текстот, истиот се демантира од еден од протагонистите на написот. Преку објава на „Фејсбук“, реагира Аријанит Хоџа.

„Движењето БЕСА не може да ја распарчат текстовите напишани од синовите на аналитичари кои се кријат зад порталите како што е „Зоом.мк“ ниту пренесувачите и платениците на порталите од типот на „Шпиф медиа“ (Клевети Медиа), се вели во постот на Аријанит Хоџа.

 

Концептите за манипулација „Тенденција да се потврди сопствената гледна точка“ и „Кружно расудување“

Авторот ги манипулира своите читатели со фаворизирање и пласирање информации кои ги потврдуваат неговите сопствени ставови. Тој нашол и друг текст на македонски јазик за некако да ги потврди своите тврдења. Но, во овој текст може да се сретне и друг концепт на манипулација, а тоа е „Кружното расудување“, којшто се користи кога авторот има намера да ја докаже веродостојноста на неговото тврдење, под претпоставка дека е вистинито. Тука, го користи во неговиот зацртан заклучок како почетна претпоставка.

Не арчете време на „страници“ што ви сервираат вакви текстови

Текст преполн со коментари, без извор на информации, што напаѓа одредени личности и тоа без никаков доказ, е текст што не може да ги задоволи потребите на читателите. Немојте да станете жртва на такви манипулативни текстови, запомнете од каде потекнуваат и игнорирајте ги следниот пат. Не вреди да го губите времето залудно. Не арчете време за такви написи.