Конспиративната теоријата според која Бил Гејтс има цел да го збрише населението во светот со помош на вакцинацијата против ковид-19 со огромна брзина се шири на социјалните мрежи. Филантропот Бил Гејтс е една од најпогодените личности од дезинформациите што се шират со разните конспиративни теории. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион
Извор: Snoopes
Најновата конспирација тврди дека вакцинацијата ќе го збрише населението во светот
Во јуни 2011 година, ирски весник познат по пласирање конспиративни теории „The Sovereign Independent“, објави контроверзен напис за Бил Гејтс. Манипулативниот карактер на написот се гледа уште од самиот наслов: „Депопулација преку присилна вакцинација: решение за нулта емисии на јаглерод!“.
Во 2020 година, додека целиот свет се бореше со ковид-пандемијата, на социјалните мрежи повторно се појави сликата од овој напис придружена со низа лажни тврдења. Некои корисници на социјалните мрежи дури тврдеа дека написот објавен во овој весник пред многу години е доказ оти пандемијата е „испланирана“. Во меѓувреме, други тврдеа дека овој напис е факт оти пандемијата е некако поврзана со терористичките напади од 11 септември и дека веќе некое време овој весник е намерно избришан од интернет.
Насловот и написот објавени во ирскиот весник во 2011 година, а кој неодамна е повторно објавен, е лага. Текстот не е доказ за една испланирана пандемија, ковид-19 нема никаква врска со терористичките напади од 11 септември и овој весник не е „избришан“ од интернет.
“The Sovereign Independent” беше весник кој во Ирска почнал да се печати во 2009 година, додека, пак, интернет-страницата на весникот сè уште е активна. Страницата е преполна со линкови и нејасни слики и првпат е ажурирана во 2014 година. Архивирана копија на гореспоменатиот наслов можете да најдете тука. Односно, написот сè уште го има на интернет.
Треба да напоменеме дека овој „весник“ не бил веродостоен при известувањето. Напротив, низ овој таблоид циркулирале многу конспиративни теории, кои промовирале содржини од организации како што е AE911Truth (група која верува дека нападот на 11 септември е резултат на едно контролирано уништување, а не терористички напад). Овој таблоид, исто така, објавил и написи од PrisonPlanet.com, која е дел од Infowars, каде се тврди дека смртта на Осама бин Ладен е измама.
Написот со наслов „Депопулација преку присилна вакцинација“ се однесува на една добро обработена конспиративна теорија, која е заснована на едно многу едноставно недоразбирање. Авторот на написот ја наоѓа поврзаноста на зборот „депопулација“ и Бил Гејтс во неколку изјави на Гејтс, а кои се однесуваат на прашањата околу природниот раст на населението.
Зголемувањето на бројот на населениото во светот Гејтс го гледа како проблем и тој е вистински фокусиран во неговите напори за забавување на растот на населението. Но, тој никогаш немал цел да ги убива или елиминира луѓето. Всушност, Бил Гејтс открива дека растот на населението може да се забави ако луѓето живеат подолго. Постои една иницијатива која се фокусира во обезбедувањето полесен пристап до контролирање на раѓањата (помалку раѓања, помалку луѓе). Една друга, пак, се фокусира на осигурување пристап до здравствена нега и вакцинација. Како што е објаснето и во Годишниот извештај на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за 2009 година, намалувањето на природниот раст на населението може да се случи ако се намали смртноста и тоа особено кај децата.
Вакцините се единствена надеж за да ѝ се стави крај на пандемијата со ковид-19
Според Светската здравствена организација (СЗО), еднаквиот пристап до сигурни и ефикасни вакцини е од суштинско значење за ставање крај на пандемијата со ковид-19. Така, доста охрабрувачки е фактот што се тестираат и што влегуваат во употреба толку голем број вакцини. СЗО и нејзините партнери неуморно работат за развој, продажба и примена на сигурни и ефикасни вакцини. Сигурните и ефикасните вакцини може да ја променат целата ситуација, но, во блиска иднина, ние сè уште мора да продолжиме да носиме маски, да ги миеме рацете, да ги проветруваме затворените простории, да одржуваме растојание и да ги избегнуваме собирањата.
Вакцините против ковид-19 беа предмет на многубројни тестирања и постојано се проверуваат. Овие тестирања опфаќаат лица од различни возрасни групи, од двата пола, од различки етнички групи, како и лица со здравствени проблеми. Вакцините покажаа едно високо ниво на ефикасност кај сите гореспоменати групи на население. Вакцините се покажаа сигурни и ефикасни и кај лицата со разни здравствени состојби, како што се лицата со висок притисок, дијабетичарите, лицата со респираторни болести, болести на црниот дроб и бубрезите, како и други хронични заболувања.
Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.