Теоретичарите на заговор препорачуваат опасен лек – не употребувајте го!  

Еденпрофил  на „Фејсбук“ полн со опасни конспиративни теории на граѓаните им препорачува лек што е опасен за здравјето. Според авторот што стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против ковид-19. Околу ова прашање „Вистиномер“ разговараше со лекарот Aдурим Фазлиу, кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти може да бидат многу сериозни за здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, како единствен „лек” против ковид-19, пишува  Порталб.мк. 

Објаватана„Aбази Макс, иако е опасна и иако тие што ќе поверуваат и го користат лекот може да имаат сериозни несакани ефекти, па дури и да завршат во болница, сепак, е споделена повеќе од 20 пати. 

Како „спас“ за вакцинираните во оваа објава се нуди лекот „Сурамина“ за кој, според објавата, постојат многубројни студии за докажување на неговата ефикасност за спречување на обратната транскрипција на РНК од вирусите и од вакцината. 

„САКАТЕ ДА ГИ СНЕМА НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА ВАКЦИНАТА“ 

СУРАМИН
Што е СураминДали може да ги излечи вакцинираните?
постојат студии кои ја докажуваат способноста на овој лек за спречување на обратната транскрипција на РНК од вирусите и од вакцината ‼
Исто така е и моќен антикоагулант‼” пишува ворецензираната објава, која што е невистинита. 

 

Но, што е, всушност, вистината за лекот „сурамин“? 

Вистина е дека лекот„сурамине употребен како лек во раните фази на инфекцијата со вирусот, меѓутоа овој лек не ги поминал клиничките испитувања и како таков не е одобрен како сигурен за употреба 

Лекарот Адурим Фазлиу за „Порталб. мк“рече дека овој лек се употребува за африканската болест на сонот и слепилото, болести кои според него се предизвикани од паразити.  

 

„Сурамина е лек што се употребува за африканската болест на сонот и слепилото, болести кои се предизвикани од паразити. Тој лек влијае директно врз енергијата на паразитите и на тој начин ги уништува“, рече  доктор Фазлиу.

Лекарот Фазлиу категорично е против употребата на овој лек на своја рака, токму поради сериозните несакани ефекти што тој може да ги предизвика, затоа без консултација и надзор од страна на лекарот, лекот „сурамин“ не треба да се употребува. Овој лек може да предизвика сериозни несакани ефекти, затоа лицето што го користи постојано мора да биде под лекарски надзор. Направени се ин витро студии на овој лек и тие покажале добри резултати во спречување на репликацијата на вирусот на Сарс Ков во раните фази на инфекцијата. Имајќи предвид дека Сурамин не ги поминал сите фази на клиничките студии, овој лек сѐ уште не е одобрен за лекување на ковид-19. Имајќи ги предвид и несаканите ефекти, категорично сум против секаква употреба на ‘сурамин’ за лекување на пациентите“, додаде Фазлиу.

Тој додаде дека единствената заштита од ковид-19 е масовната вакцинација и ги повика сите граѓани да се вакцинираат што помасовно за, како што рече тој, да ѝ се стави крај на оваа пандемија предизвикана од вирусот корона. 

Едно е познато, дека вакцините се сигурни и штитат од сите варијанти и „лекот“ не треба да се бара на друго место.

Од Европската агенција за лекови (EMA)  изјавија дека одобрените вакцини штитат од сите видови на корона-вирусот проширени во земјите на ЕУ. 

За да бидат одобрени за употреба, вакцините против ковид-19 треба да исполнат високи стандарди што се однесуваат на сигурноста и ефикасноста. Иако се произведени во рекордно време, процесот на нивното тестирање, оценување на резултатите, и нивното одобрување не бил помалку ригорозен. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно ја мониторира рапределбата на вакцините против ковид-19. 

Инаку, за сите нејаснотии околу вакцините, може да прочитате повеќе на интернет-страницата на СЗОкаде што може да се најдат одговори за речиси сите дилеми околу вакцините, нивната безбедност и ефикасност.

  

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.