Новинарите да избегнувааат да бидат one man show

 

Штом избори се на повидок, веднаш се активираат машинериите за политички пропаганди. Често се случува во предизборниот период да се појавуваат текстови со хипотетичка содржина, кои целат на „мерење на пулсот“ на гласачите како размислуваат за одредени прашања. Таков е и текстот што го разгледуваме.

 

Линк до оригиналниот напис: „Дали е можно да се сплотат БЕСА и Алтернатива“ (A mund të bëhen bashkë BESA me Alternativën)

Датум на објава: 24.10.2019

Датум на рецензија: 26.10.2019

Рецензира:  Ајнур Бефќари

 

 

„Беса и Алтернатива може да се сплотат онолку колку што може да се сплотат ДПА и Алијансата на Албанците. Овие ќе останат како два брега на реката, кои се трајно поделени. Сите знаат дека овие коалиции се невозможни и дека се предодредени да не успеат или да бидат алиби дека, еве, ние повикавме за сплотување“, се вели во текстот.

 

ONE MEN SHOW

Авторот на текстот сам поставува прашања, сам анализира, сам образложува, коментира, подредува стихови, го завршува текстот и не нуди никаква информација. Текстот е напишан како писмена задача од ученик од основно училиште, а пишаните коментари создаваат само забуна кај читателот. Авторот во насловот на текстот се појавува во улогата на новинар што прави интервју, додека во содржината, во улога на интервјуиран аналитичар.

Насловот создава прашалници, текстот ги додава!

Во дадениот текст, авторот остава впечаток на некој што посакува, тој напишал лично мислење, полно со коментари, без никаква референтна точка и потоа го поставил во делот за информации. Насловот е напишан во прашална форма, при што се остава впечаток дека содржината на текстот ќе го даде одговорот, но на крајот читателот останува уште позбунет отколку што бил на почетокот.

Неоснована анализа

Авторот направил некаква анализа, па дури и се осмелил да прогласи губитнички и победнички партии, да предвиди уништување и отстранување на одредени субјекти од политичката сцена, да критикува за тврдоглавост, па дури и да извлече заклучоци за крах на опозицијата на претходните избори. Авторот во ниту еден момент не се нафатил тоа што го напишал да го заснова на каков било аргумент или изјава.

Дури и ако се напише коментар, ставовите се засноваат на аргументи

Во новинарската пракса, во отсуство на доволно факти за какви било вести или информации, авторите често користат коментар. Дури и ако се определи за оваа форма на новинарството, новинарот мора да одржува одредено емоционално растојание од своите погледи и ставовите да ги заснова врз аргументи. За жал, во пракса имаме написи со елементи на коментари поставени како вест или информација или уште полошо, ги претставуваат како да се факти. Разликата во новинарските жанрови е во начинот на презентирање на информациите, така што информацијата што се пренесува претставува вест. Коментарот треба да биде јасно одвоен од известувањето и не треба да ја оптовари веста со субјективниот дискурс на новинарот или медиумот.

Читателот не може да го „апсорбира“ секој текст

Читателите не треба да бидат консументи на ваков неинформативен текст. Читателите не треба да „апсорбираат“ текст само затоа што им е сервиран во форма на информација. Читателите треба да бидат внимателни кога читаат ваков текст и да се обидат да пронајдат кој е цитиран во текстот и чии зборови се толкуваат.