Плагијатот често ги носи во бездна проверените информации

Пренесувањето на вестите, присвојувајќи ги и не кажувајќи кој е авторот, е плагијат. Како резултат на тоа, точните информации честопати биле однесени во бездна. Кога на оваа шема ќе се додаде и елементот „актуализирање на старите настани“, се создава идеално опкружување за јавна дезинформација. Таква е веста што ја разгледувавме, а која стигна до Радио-телевизија на Косово

 

РТК:Се открива дека Заев и Села сакаа да ги убијат русите

 

Линк до оригиналниот напис: „СЕ ОТКРИВА ДЕКА ЗАЕВ И СЕЛА САКАА ДА ГИ УБИЈАТ РУСИТЕ„ZBULOHET SE ZAEVIN DHE SELËN DESHËN T’I VRASIN RUSËT

Датум на објавување: 19.11.2019

Датум на рецензија: 21.11.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

 

Анонимноста не е алиби медиумот да не проверува информација

„СЕ ОТКРИВА ДЕКА ЗАЕВ И СЕЛА САКАА ДА ГИ УБИЈАТ РУСИТЕ“, е насловот на веста што ја пренесува РТК. Со оглед на фактот дека овој медиум е надвор од Северна Македонија, местото каде што се случи нападот врз Собранието на 27 април 2017 година, беше поттик да се проверат наведените извори. Информацијата беше пренесена од „извори под услов на анонимност“.

Оваа формулација не ги амнестира медиумите, затоа што во ситуации на важни политички процеси, како што е нападот врз Собранието, информациите мора да се засноваат на релевантни и извори засновани врз факти, што значи дека вклучува ставови од порелевантни страни, кои во овој случај би биле обвинителството или министерствата.

„Познато е и името на рускиот разузнавач, кој ја водеше операцијата со помош на Србинот Горан Живалевиќ, исто така српски разузнавач во Скопје. Неговите иницијали се В.Ф., кој служел во соседната држава на Северна Македонија. Координацијата е направена пред неколку дена, најпрво во крајбрежно место во Бугарија, каде што се наоѓаат вилите на руските воени разузнавачки службеници (познати како ГРУ). Планот беше детализиран во Белград еден ден подоцна во приватна куќа“, рече поранешен македонски службеник за внатрешна служба под анонимност, се вели во написот што го разгледуваме.

Плагијатот ги однесе проверените информации во бездна

Бидејќи изворот не беше најрелевантен, а информацијата не беше потврдена, беше поттик да се спроведе дополнително пребарување. Произлезе дека текстот беше копи-пејст на повеќе новинарски написи објавени во порталите во Северна Македонија. Споделувањето на информацијата од многу медиуми предизвикало да го поттикнат плагијаторството, затоа што медиумите не се цитирале едни со други.

Од тука произлегува заклучокот дека станува збор за „плагијаторство што ги однесе проверените информации во бездна“.

Оваа позиција е дополнително засилена, бидејќи ниту една релевантна институција во Северна Македонија, ниту во Србија во последно време, не објавиле вакви информации. Од друга страна, последните информации поврзани со еден од потенцираните лица во статијата, Горан Живалевиќ, кои се поврзани со нападот од 27 април во Собранието на Северна Македонија, се од 2018 година.

 Манипулација со стари информации и селективни факти!

Анализирајќи ги сите овие елементи, доаѓаме до заклучок дека медиумите по секоја цена се обиделе да ја манипулираат јавноста со концептот „селективни факти“, објавувајќи само информации што се однесуваат на руско-српското сценарио, што не е ништо ново, објавувајќи непроверени информации што се во спротивност со принципите на професионално, објективно и истражувачко новинарство. Создадено е идеално опкружување за јавна дезинформација, бидејќи написот актуализира стар настан, без проверување на изворите.